НА МНОГУ МАКЕДОНЦИ НЕМА ДА ИМ СЕ ДОПАДНЕ ОВА: Рипаат цените на патарините во Србија, еве колку ќе чинат сега
Објавено во: Финансии 06 Јули, 2024 16:35
Од 10 јули ќе поскапат најголемиот дел од патарините во Србија, е одлуката на „Патишта Србија“, за што Владата на Србија даде „зелено светло“.
Цените се зголемени за околу 10 отсто, па од среда патарината од Белград до Шид ќе чини 500 динари (250 денари), од Обреновац до Прељина 560 динари (280 денари), од Белград до Суботица 800 динари (400 денари), од Белград до Ниш 1.130 динари (565 денари), од Белград до Димитровград 1.670 динари (835 денари).
Во одлуката беше прецизирано дека со плаќање на патарина преку уредот за електронска наплата, физичко и правно лице, корисник на моторно возило од четврта категорија на емисиона класа „ЕУРО 6“, добива попуст од 10 отсто, кој се пресметува на сумата намалена за попустот за електронска наплата од 6 отсто.
Оваа точка ќе се применува 30 дена од денот на објавувањето на одлуката поради потребните технички прилагодувања во системот за наплата.
Фото:Илустрација
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





