24 Ноември, 2024
0.0266

ПАНЕЛИ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОСТАВУВААТ НА ПОМАЛКУ КВАЛИТЕТНИ НИВИ, се менува законот за земјоделско земјиште

Објавено во: Економија, Агробизнис 02 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Поставување на фотонапонски панели на земјоделско земјиште од класа пет до класа осум се предвидува со измените на Законот за земјоделско земјиште, кои се во завршна процедура. Како што може да се види на платформата ЕНЕР, Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште веќе е изработен.

- Измените и дополнувањето на Законот за земјоделското земјиште е во насока на доуредување на постоечките законски решенија кои ја регулираат оваа материја но истовремено и воведување на нови поими во законот како и давање на можноста Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да располага и го дава под закуп и земјоделското земјиште во приватна сопственост во пропишана постапка и изградба односно постапување на фотонапоснки панели на земјоделско земјиште – се наведува во Законот поставен на ЕНЕР.

Според изработувачите Законот се заснова на истите цели - рационално користење на земјоделското земјиште, заштита на земјоделското земјиште, обезбедување на правна сигурност на корисниците на земјоделското земјиште  во државна сопственост под закуп. Целта на предлог е измена и дополнување заради доуредување на постојните законски одредби и воведување на нови законски решенија кои се однесуваат на рационално користење на земјоделското земјиште, неговата заштита како и воведување на нови поими и доуредување на одредни постапки. 

- По точка 11-б се додава нова точка 11-в која гласи: „11-в Фотонапонски панели се градби на земјоделско земјиште од V до VIII катастарска класа наменети за производство на електрична енергија од сончева енергија.“ Во членот 8-а по ставот 4 се додава нови два става 5 и 6 кои гласат: „Министерството го евидентира земјиштето од ставот 1 на овој член по службена должност врз основа на податоците од ГКИС ситемот на агенцијата за кататстар на недвижности, системот за идентификација на земјишни парцели и други авионски и сателитски снимки до кој има пристап Министерството. Земјиштето евидентирано во став 1 од овој член се класифицира во три категории во зависност од надморска висина, педолошки карактеристики, демографски фактори, наклон на теренот, поволни хидролошки услови или достапност до вода за наводнување.“ – се наведува во измените на законското решение.

Со измените всушност се создава можност за искористување на земјоделското земјиште во производството на електрична енергија. Имено во членот 51-а став 1 по зборовите „обработка на земјоделски производи“ се додаваат зборовите „и фотонапонски панели“. 

Ставот 6 се менува и гласи:  „Кон барањето за издавање на одобрение за изградба на градбите од ставовите 2 и 3 на овој член се поднесува: уверение за државјанство за физичко лице, односно извод од централен регистар за правно лице, доказ за сопственост или договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост или договор за користење на пасиште во државна сопственост, копие од катастарски план за катастарската парцела на која треба да се гради објектот, оранжеријата или фотонапонските панели, основен проект за објектот, оранжеријата или фотонапонските панели на кој е извршена ревизија, согласност од Министерството за градење на објектот, оранжеријата или фотонапонските панели на кој е извршена ревизија, доказ за решени имотно-правни работи доколку со основниот проект се предвидува поставување на придружни објекти на фотонапонски панели (подземни и надземни електрични водови и помошни инсталации) на земјоделско земјиште кое не е предмет на договорот за закуп или кое не е во сопственост на инвеститорот (само за изградба на фотонапонски панели), геодетски елаборат изработен од страна на трговец поединец-овластен геодет или трговско друштво за геодетски работи, со кој се определени катастарските податоци со точни мери и граници на земјоделското земјиште на кое се предвидува изградбата на фотонапонски панели (само за изградба на фотонапонски панели) и овластување издадено од надлежен орган, доколку согласно прописите за енергетика е предвидено овластување за изградба на фотонапонски панели(само за изградба на фотонапонски панели)“.

Како што се истакнува во законот, измените и дополнувањата се во насока на доуредување на постапката за давање на земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, воведување на нови поими во законот, а истите да се во функција на заштита на земјоделското земјиште како ограничен ресурс.

-  Во членот 5 се предлага дополнување на членот 20 со додавање на фотонапонски панели како можност за изградба на земјоделско земјиште.Во членот 28 се предвидува дополнување на членот 51-а со давање на можност за изградба на фотонапонски панели на земјоделско земјиште и истовремено се предлага менување на потребната документација која барателот треба да ја достави. Во членот 29 се предвидува дополнување на член 51-б со давање на можност согласност за поставување на објекти на земјоделско земјиште да се однесува и за фотонапонски панели. Во членот 30 се предвидува подзаконскиот акт да се донесе во рок од 90 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Со предложените измени и дополнувања во законот ќе се овозможи да се создадат законски претпоставки за спроведување на Законот за земјоделското земјиште, да се подобри ефикасноста на постапката за користење и располагање со земјоделското земјиште во државна сопственост - се прецизира во нацрт законот.

Изминатиов период голем број земјоделци алармираа дека се почесто се купува квалитетно земјоделско земјиште кое се наменува за поставување фотонапонски централи и за производство на електрична енергија.

-  Не треба да се градат фотоволтаици или други градби на земјоделско земјиште од прва, втора, трета и четврта класа. Не сме против изградба на фотоволтаични централи, но треба да се најде вистинска локација, а не да се гради на земја на која може да се произведува храна. Никаде во Европа не се поддржува поставување панели на плодно земјиште – алармираа земјоделци од руралните средини во земајва.

П.О.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“