17 Мај, 2024
0.0279

ПАНИКА ВО БРИСЕЛ: Терористите се уште „оперираат” низ градот?

Објавено во: Свет 22 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Белгиските власти стравуваат дека терористите, кои стојат зад денешните напади во Брисел се уште се во акција. Ова следи откако на аеродромот „Завентем“ беа пронајдени Калашников и повеќе неексплодирани рачно изработени бомби.

Белгиското федерално обвинителство соопшти дека лицата што стојат зад нападите во Брисел веројатно сè уште се во бегство.  Двајца осомничени беа уапсени на аеродромот, но трето лице успеало да побегне.

[caption id="attachment_206867" align="aligncenter" width="736"]media-xll-8510276-1-736x414 Двајцата мажи во црна облека се уапсени, а третото лице е во бегство[/caption]

Инаку, во денешните напади во Брисел загинаа 34 лица, а над 200 беа повредени. За масакрот одговорност презеде Исламската држава.

Терористичката акција се состоеше oд истовремени, координирани напади врз клучни инфраструктурни локации во срцето на административната престолнина на Европската Унија.

Утрово, две последователни експлозијата се случија на основниот аеродром „Завентем“ во Брисел. Според податоците на белгиското федерално обвинителство, еден бомбаш самоубиец активирал експлозив на аеродромот во одделот за патници во делот за полетувања, додека втората експлозија на аеродромот е најверојатно од автомобил бомба.

11117777111

Eден час подоцна имаше експлозија на метро станицата во Мелбек, која се наоѓа во близина на зградите на европските институции .

Метро-станиците во Брисел ќе бидат отворени во 16 часот по локално време, соопшти белгиското министерство за транспорт и додаде дека околу 500 војници се распоредени по станиците за да ја гарантираат безбедноста на јавниот транспорт.

brisel-napadi-2

Белгиските власти прогласија највисоко четврто ниво на сигурност во целата земја по експлозиите на аеродромот и на метро-станиците. Знамињата во Брисел се спуштени на половина копје, во знак на жалост за жртвите.

Инаку, минатата недела во Брисел беше уапсен и еден од главните осомничени за терористичките напади во Париз, Салах Абдеслам.

Можеби ќе ве интересира

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји