15 Декември, 2025
0.2212

Папандреу: Кризните мерки го проширија јазот меѓу богатите и сиромашните

Објавено во: Балкан 29 Јануари, 2014 07:44

Добивај вести на Viber

Политиката насочена кон промовирање на економското закрепнување по финансиската катастрофа, само гo прошири јазот меѓу богатите и сиромашните. Ова е мислењето кое во итервју за CNBC го изрази поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу. Според него, фактот дека денес најбогатите 85 луѓе во светот поседуваат толку колку најсиромашните 3,5 милијарди е само еден од многуте вознемирувачки елементи. "Во Грција 505 лица, или 0,05% од населението, поседуваат околу една третина од бруто домашниот производ на земјата. Во меѓувреме за повеќе од една третина од Грците се смета дека се изложени на ризик од сиромаштија или социјалната исклученост", посочи експремиерот. “Ocтавени без еднакви можности, повеќето луѓе нема ниту да бидат во можност да ги споделат праведно, ниту да работат креативно во динамичната глобална економија. На овој начин се помалку луѓе ќе заработат од растот на глобалниот раст", истакна Јоргос Папандреу. Тоа де факто, според Папандреу води до опасна круна на капиталистички систем, која го нарушува економскиот развој и влијае врз  демократските институции. “Моќ и влијание се консолидирани и концентрирани во горниот дел, со што се овозможува јавните ресурси да бидат бесмилосно трошени во приватна корист. Финансиските профити се приватизираат, а загубите се социјализираат. Политики се конзистентно диктирани од посебни интереси и пазарни паники ", коментира поранешниот грчки премиер. "Мерките за промоција на покризиното обновување на економијата треба да бидат заменети со политики за поддршка на демократското обновување, како прераспределба не само на богатството, но и на власта на нашите граѓани. Референдум, граѓански совети децентрализираната власт и електронска демократија се само некои од најдобрите практики, кои може да понудат можности на нашите јавни алатки ", дополни тој. K.K.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството