28 Мај, 2022
0.0330

„Парадоксот од денешницата! – што повеќе се повикуваме на вредноста на знењето, толку побрзо знаењето ја губи вредноста“!

Објавено во: Колумни 14 Април, 2022

Хегел во една прилика напишал дека познатото не е „спознато затоашто е познато“.

Па така и во нашето општество, така и во нашето образование, многу работи се кријат под превезот на познатото, без да бидат осознаени во нивната суштина, а за жал со сведоштво на недостаток на стручна и научна спознајност, оправданост, прифатеност и одобреност.

Живееме во општество базирано на знаење. Барем така сакаме да си мислиме. Оваа синтагма ги поттикнува креаторите на образовните политики, педагозите, универзитетски реформатори и советници на ЕУ; тоа ги поттикнува истражувачите, пазарот на трудот и компаниите. Знаењето и образованието се најважните ресурси на Европа, којашто е сиромашна со суровини, а кој вложува во образованието, вложува во иднината. Знаењето, меѓутоа, и во другата смилса на зборот останува сеуште „во мода“.

Во меѓувреме секаде вообичаената употреба на синтагмата „општество базирано на знење“ со којашто би се карактеризирало денешното време би можела да претставува своевидна причина за гордеење и радување. Општество коешто самото себе се дефинира „со знаење“ би можело да се замисли како општество во коешто разумот и културната внимателност, расудување и грижливост, долгорочното размислување и паменото промислување, научната љубопитност и критичката авторефлексија, собирањето на аргументи и преиспитување на хипотезите, конечно би биле подоминантни над ирационалноста и идеологијата, празноверието и умисленоста, поривот и отсутноста на духот. Секој поглед на рецентно општество покажува, меѓутоа, дека знаењето на тоа општество нема никаква врска со она што во европската традиција, започнувајќи уште од антиката знаењето се поврзувало со вредностите од типот на:емпатијата, животниот практичен ум (или практичниот ум потребен за живот), па на крај и со мудроста.

Знаењето, според одредена врежана дефиниција претставува информација моделирана со некакво значење. Поаѓајќи од оваа појдовна точка многу често се случува во политичката реторика поимот општество базирано на знаења да се поистовети со поимот општество базирано на информации. По правило вториов поим уште повеќе се нагласува, бидејќи се мисли дека информациите се порадикално збратимени со оние дигитални медиуми кои општеството на знаење додатно ги нагласува/динамизира. Омилената теза дека живееме во општество базирано на информации и на тој начин може да се допушти и констатацијата дека во општеството на знаење следува спротивставената теза дека всушност живееме во „дезинформациско општество“. 

На прв поглед може да се причини дека таканаречениот сон за просветителството за сеопфатно образованиот човек во пост-информациско општество, конечно станува реалност, иако вториот поглед на актуелните случувања, се суштински пореални.

Голем дел од она што се пропагира и прокларамира под синтагмата  „општество на знаење“, при подетално анализирање може да се заклучи дека всушност претставува реторички гест, којшо многу повеќе оди во прилог на цврстите политички и економски интереси, во однос на самата идеја за образованието.

Општеството на знаење не е novum, ниту го исклучува индустриското општество. Попрво може да се заклучи дека бројните образовни реформи водат кон индустријализација и економизирање на знаењето, пришто премисите на класичните теории за образованието всушност се спинуваат во сопствената спротивставеност.

Прилагодливиот човек, во текот на целиот живот е подготвен на учење, пришто своите конгнитивни способности ги става на располагање на „пазарите“, коишто се динамични и се предмет на постојани промени.Така што тој повеќе не е ниту карикатура на хуманистички воспитан и образован човек, туку е негова целосна спротивност.

Со сето она што луѓето денес мораат и можат да го знаат – а, тоа не е воопшто малку – имајќи ја во предвид обемноста на наставните програми, од друга страна, на тоа знаење главен недостаток е способноста за синтеза и применливост во реални ситуации. Така пласираното знаење, ја остварува зададената улога: претставува дел „од нешто“, лесно се усвојува, брзо се прилагодува и лесно се заборава.

Таквиот развој на настаните не треба културолошко-песимистички да се оплакуваат. Самата идеја за воспитание и образование никогаш не била лишена од занесот, од лажната надеж и идеолошките отпори, но мора да се напомене дека би претставувало заблуда - верувањето дека развојните тенденции индцирани од синтагмата „општество на знаење“ имаат било каква врска со таа идеја.

Денес се мери сé, па и во образовен контекст, колку и да е тоа под голем знак прашалник – кој, кога, како, што, и со што и за што мери и споредува? Денес се мери конфигурацијата на знаењата, започнувајќи од PISA-тестовите, до поставеноста на европските студиски програми, од сензационалните природно-научни истражувања до современите знаења од областа на културата, од просветните работници кои го пребаруваат интернетот, до менаџерите наголемите образовни институции кои патуваат со млазни авиони, всушност претставуваат појавни форми на необразованоста. Но, тоа не значи дека ништо не се знае. Сепак – и ова припаѓа на парадоксот од денешницата! – што повеќе се повикуваме на вредноста на знењето, толку побрзо знаењето ја губи вредноста!

Сепак запрепастувачки е тоа што луѓето очигледно не можат едноставно да се ослободат од сеќавањето на она што некогаш се сметало за воспитание и образование. Копнежот за вистински естетски „правилник“/законик токму, како и уживањето во митовите и легендите, упатува на тоа дека луѓето повторно и повторно посегнуваат по она што некакви т.н. реформатори на образованието сакаат да го контаминираат, служејќи се со неопходностана синтагмата „општество на занење“ и неговите цели, со користење на медиумите, меѓутоа за жал, против добрите намери на оние коишто копнеат.

Таквите мечти во коишто ќе се вмеша и ваков некој став не можат да го занемарат фактот дека од тоа повеќе тешко може да се генерира јасна дефиниција за поимот воспитание и образование. Но, реминисценција на тоа што образованието всушност и никогаш не било, но барем кон тоа тежнеело, би можело да даде свој придонес на тоа себеси си да допуштиме јасен поглед на онаа неутешна состојба на духот што само зад потребите се прикрива преку еуфемизмот „општество на знаење“.

Проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска

Доктор по педагошки науки

Куса биографија

Проф. Елизабета Томевска-Илиевска едоктор по педагошки науки, редовен професор на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Бирана е за научните области: Педагогија, Методика, Методологија и Статистика. Раководител е на Институтот за педагогија (од 2021 година).

Томевска-Илиевска 20 годиниактивно учествува како образовен експерт и тренер во многубројнимеѓународни и националниобразовнипрограми. Покрајтоа, д-р Елизбета Томевска-Илиевска,како образовен експерт, евалуатор и истражувач била вклучена во национални и меѓународни проекти и во бројни научни истражувања. Таа учествува во многу активности поврзани со образовната политика во областа на основното воспитание и образование и средното стручнообразование и обука, и во подобрување на јазичната писменост во раната училишна возраст во Р.Македонија. Таа учествува на бројни конференции во земјата и странство.

Проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска е член на Комисијата за настава на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (од 2020 година).

Можеби ќе ве интересира

РЕБАЛАНС КАКО ОДГОВОР НА КРИЗАТА И ЗАЧУВУВАЊЕ НА РАСТОТ

РЕБАЛАНС КАКО ОДГОВОР НА КРИЗАТА И ЗАЧУВУВАЊЕ НА РАСТОТ

Болни решенија за крај на војната во Украина

Болни решенија за крај на војната во Украина