ПАРИЗ: Дочекот на Нова Година со видео спектакл, но без огномет!
Објавено во: Стил 20 Декември, 2014 17:53
Градоначалничката на Париз Ан Идалго денеска изјавила дека за новогодипната ноќ на Елисејските полиња во Париз ќе биде организиран видео спектакл на Тријумфалната капија и дека нема да има огномет, пренесуваат денеска француските медиуми.
Ан Идалго рекла дека за околу 300.000 посетители на Елисејскте полиња ќе биде приреден видео спектакл од 15 минути на кој ќе учествуваат уметници и техничари.
Осветлувањето, кое ќе биде поставено кон Тријумфалната капија, ќе си игра со релјефот на познатиот историски споменик кој ќе биде видлив на целите Елисејски полиња, на авенијата долга речиси два километри.
Покрај тој визуелен перформанс кој ќе биде прикажан 15 минути пред полноќ ќе бидат поставени џиновски слики од парискиот живот. „На тие слики ќе биде прикажано богатото културно наследство и уметност на животот во Париз“, пренесува весникот Паризиен.
Сите оние кои нема да бидат на Елисејските полиња на 31 декември, ќе може наредниот ден ја „гледаат реприза“ од 13 до 18 часот.
Парижаните им замеруваат на градските власти што нема да организираат огномет како во другите метрополи.
А градските власти, кои за овогодинешниот дочек на Нова Година потрошиле 200.000 евра , навеле дека не организираат офномет од технички и безбедносни причини.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





