Патничката која испадна од автобусот кој заврши во бездна во Црна Гора раскажа што се случило
Објавено во: Балкан 19 Септември, 2023
Сања Вучиниќ (24) oд црногорскиот град Никшиќ за „Вијести“ изјави дека цело време била во свесна состојба, а при слетувањето испаднала од автобусот кој заврши во бездна.
По 16 часот од Цетиње е пренесена во Клиничкиот центар во Подгорица за понатамошна дијагностика.
Девојката за „Вијести“ раскажа дека седела на десната страна среде автобусот, и дека гледала во телефонот кога удриле во банкината.
„Ги слушнав крикот на патниците и тогаш паднавме. При падот испаднав, навистина не се сеќавам како излегов од автобусот. Успеав сама да излезам од бездната на патот“, изјави Сања Вучиниќ.
Таа околу 10 часот утрово со автобус на фирмата „Паповиќ“ од Никшиќ тргнала кон Будва, каде попладнето требало да дојде на работа во хотелот „Медитеран“.
„Имав два дена одмор и ова се случи на враќање“, рече таа.
Најмалку две лица загинаа, додека 22 патници се повредени во сообраќајката што се случи на патот Цетиње-Будва.Загина државјанин на Велика Британија, а другото женско лице е неидентификувано, изјави дежурната обвинителка Анѓа Радовановиќ.
Возачот е приведен и во полиција кажал дека почувствувал болка во задниот дел од главата, по што излетал во провалија.