16 Јануари, 2025
0.0307

Патриотските фискални каси паѓаат на Уставен суд само „ако нареди Бранко Црвенковски“!

Објавено во: Економија 09 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Патриотските фискални каси повторно ќе се враќаат во дуќаните. Владата скрои ново законско решение што треба да стапи на сила од први јануари следната година, со кое по пет години откако паднаа на Уставен суд, сега трговците повторно ќе мора да ги воведат патриотските фискални каси. Проектот патриотски фискални каси, со кои се издаваа фискални сметки на кои пишуваше „Да купуваме македонски производи“ и на кои беше точно наведено колку од вкупно потрошената сума отпаѓа на домашни производи, се спроведуваше во време на тогашниот министер за финансии Трајко Славески. Но, овој проект во декември 2008 година падна на Уставен суд. Уставните судии го оценија како неуставен ваквиот владин потег. „Воведувањето, односно пропишувањето на прикажува­ње на прометот на македонските производи на фискалните сметки, заедно со логото „Да купуваме македонски производи“ (кое исто така е аплицирано на фискалните сметки) според Судот, претставува држав­на мерка која го стимулира купувањето на домашните произво­ди, а го дестимулира прометот на странските произ­води. Ваквата стимулативна мерка, која ја определува државата, доведува до нарушување на принципот на слободата на пазарот и со истата со оглед на државното инволвирање во уредувањето на пазарот на овој начин кое е спротивно на членот 55 од Уставот, не се обезбедува рамноправна положба на субјектите на пазарот. Ова посебно ако се има во вид дека за секој производ кој се наоѓа во легален промет се применува, односно се почитува принципот на рамноправност, а со тоа, што е многу поважно принципот на рамноправност на пазарните субјекти независно од потеклото на стоки што ги ставаат во промет, што со ова оспорено решение во подзаконскиот акт, не е случај. Имено, со ова решение се врши фаворизирање на македонските производи, за сметка на останатите производи на пазарот, со што всушност се врши и дестимулирање на прометот на странските производи со што се нарушува принципот на рамноправност на субјектите на пазарот, што е спротивно на Уставот ,“ реагираа во 2008 година Уставните судии. Уставните судии во 2008 година имаа поделени во мислењата За Уставниот судија Игор Спирковски, освен што воведувањето на патриотските фискални каси беше спротивно со Уставот, дополнително спорно беше и тоа што според него целата кампања е во спротивност и со одредби од Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европските заедници и нивните земји членки. Имено во членот 1 од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, меѓу другото, се наведува дека цел на оваа асоцијација е промовирање на урамнотежени економски односи и постапно развивање на слободна трговска зона помеѓу Заедницата и Република Македонија. Според член 18 став 4 од Спогодбата, квантитативните ограничувања на увозот и мерките кои имаат исто влијание врз увозот во Република Македонија за производите што потекнуваат од Заедни­цата ќе бидат укинати со денот на стапувањето во сила на оваа Спогодба. Спогодбата влезе во сила на 1 април 2004. А кампањата што се спроведува со пропишаните мерки според Спирковски  има исто влијание како и квантитативните ограничувања на увозот од ЕЗ. „Имено,  јасно е дека ако тие мерки го дестимулираат прометот на странски производи, а го фаворизираат прометот на домашните, како што оцени Судот, тогаш тие влијаат на намалување на нивниот увоз, односно се појавуваат како мерки со ефект на квантитативно ограничување на увозот. Третирањето на мерките за поттикнување на населението да купува домашни производи, како мерки со еквивалентен ефект на квантитативно ограничување на прометот, и како такви спротивни на членот 28 од Договорот за Европската заедница (консолидирана верзија), се наоѓа и во пресудите на Европскиот суд на правдата во Луксембург, образложи тогаш Спирковски. Спирковски македонскиот случај го поистоветува со случајот “да купуваме Ирско“ во кој Европскиот суд на правдата, по тужба на Комисијата против Република Ирска, ја оцени таа кампања на Ирска како спротивна на забраната за воведување кавантитативни ограничувања на прометот во Заедницата или мерки со еквивалентен ефект од член 28 од Договорот, дури и кога се водела преку приватно правни тела. Сепак со овој став тогаш не се согласуваше претседателот на Уставниот Суд Трендафил Ивановски. Тој во своето образложение појасни дека смета оти Уставот не е прекршен бидејќи пораките наведени на фискалните сметки, не се обрврзувачки за купувачите. „Тргнувајќи од дескриптивниот карактер на содржината, „(ДА КУПУВАМЕ МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ“, „ЗА НАШЕ ДОБРО“, „Made in Macedonia) која во никој случај не создава правна обврска за купувачот, односно корисникот на услугата, дека нема санкција за непридржувањето на пораката, дека е тоа само порака која може, но и не мора да има влијание на поведението на консументот, дека таа содржина на логото едноставно не евидентира ниту пак регистрира сама по себе, понатаму дека, логото содржи пропагандна содржина но која е наменета на слободната волја на купувачот на стоки или корисник на услуги и нема никакви правни косенквенции, односно логото само по себе не значи воспоставување на правен однос и слични атрибути, неспорно е дека со таквата содржина не се повредуваат уставните принции за владеењето на правото, правната заштита на сопственоста, слободата на пазарот и еднаквата правна положба на субјектите на пазарот“, образложи Ивановски. ВМРО-ДПМНЕ - Уставните судии работат по налог на Бранко Црвенковски ВМРО-ДПМНЕ пак обвини дека поради влијанието што тогаш го имал лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски врз Уставниот суд, паднал проектот на Владата за патриотските фискални сметки. Токму преку Уставниот суд, Бранко Црвенковски ги руши сите позитивни проекти на Владата на Република Македонија, преземени од други земји и направени во консултација со странски експерти и стручњаци, реагираа во 2008 година од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Трајко Славески заработи интерпелација за патриотските каси Опозициската СДСМ  поднесе интерпелација за тогашниот министерот за финансии Трајко Славески, како најодговорен за според нив штетата направена од таканаречените патриотски фискални каси. СДСМ тогаш побара од Владата трговците да бидат обесштетени за трошоците што ги направиле за воведување на фискалните сметки на кои посебно се испечатени производите со македонско потекло. Парите за надоместување на штетите да не се обезбедуваат од буџетот, туку да се обезбедат од платите на премиерот и министрите на ВМРО-ДПМНЕ и од парите за реклами на владејачката партија бараша опозицијата. Сепак, Славевски ја преживеа интерпелацијата, а трговците не беа обештетени за трошокот што го направија со воведување на патриотските фискални сметки кои според некои проценки достигнуваше сума од околу 5 милиони евра за околу 55 илјади трговци колку што ги имаше во 2008 година. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја