26 Април, 2024
0.0340

Патувањето со автобуси станува небезбедно, надлежниот инспекторат врши проверки со 25 години стари возила

Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

За четири месеци три превртувања на автобуси на македонски компании со македонски патници без судар со друго возило. Во октомври во Австрија повредени беа осум патници од кои двајца потешко, пред Нова Година загинаа четворица кај Лесковац, а пред два дена кај Ласкарци се случи најголемата патна сообраќајна несреќа на независна Македонија со 14 жртви. Надлежниот јавен обвинител ќе ја побара документацијата од компанија, дозволата за јавен превоз и ќе го провери работното време на возачот, а инаку тоа редовно треба да е работа на Државниот инспекторат за транспорт, кој постојано до Владата има поплаки за капацитетите и ресурсите со кои располага.

Директорот на независниот инспекторат Руфат Хусеини ни изјави дека за ова ја информирал Владата, која на последната седница во вторникот го разгледуваше моменталниот статус на Државниот инспекторат за транспорт.

- Ние едно време не ни работевме. Претходната власт со стратешкиот план ан ИПА во 2009-та го запре нашето работење, а потоа повторно се активиравме со мораториумот за антикризни мерки. Прв пат за нови вработувања стана збор лани со заклучок на Владата дека треба да добиеме четири нови соработници - ни изјави Хусеини.

За третманот доволно зборуваат службените возила со кои треба да се проверат автобуските станици, дозволите на компаниите и сигурноста на патиштата кои во службата се со неверојатна просечна старост од 25 години. 

- Постојано ни се намалува кадарот. Осуммина се пензионираа а се вработија само тројца. Немаме ниту основна ИТ опрема за работа. Покрај тоа, лошо стоиме организациски. Немаме раководители на сектори, туку инспекторатот го водам само јас како директор и другите се помлади соработници - вели Хусеини.

Вели дека само кога станува збор за контролата на техничката исправност на автобусите ја проверува МВР, додека за се друго треба да се грижи инспекторатот. Работното време на возачите, според него, генерално се почитува.

- Кога ги проверуваме лиценците на компаниите  и дозволите на автобусите, секако дека во увид треба да се земе и работното време на возачите. Во случајот со несреќата кај Ласкарци, не би требало да се работи за замор, бидејќи тоа е релација на која не е потребна пауза и се вози само еден час. Инаку според прописите, дневно работно време на возач може да биде најмногу 9 часа. Во меѓувреме мора да земе пауза од 45 минути, односно не смее да вози непрекинато повеќе од четири часа - тврди првиот човек на инспекторатот за транспорт.


Несреќата кај Лесковец однесе четири животи

Според него, најризични во Македонија за превоз на патници се регионалните патишта од проверките што се правени во изминатиот период.

- Автопатите и магистралните патишта можам да кажам дека немаат ниту една опасност, но регионаните навистина претставуваат проблем во земјата и треба да се работи на нив. Тие имаат големи оштетувања и тоа создава проблем при транспортот, а особено се опасни во зимските периоди - тврди Хусеини.

Поседниот документ што може да се прочита за ова тело е планот за стратешки развој за периодот 2018-2020, во кој се наведува дека има нефункционална интернет врска, 20 отсто од вработените се пред пензионирање и интернационалните контакти се мошне ограничени. Во него се вели дека кадровскиот дефицит изнесува 42 отсто. Инспекциските надзори биле во постојан пад поради зголемената канцелариска работа, а една четвртина од казните завршувале пред суд и пред комисиите на Министерството за транспорт и врски.


Автобус се преврте и во Австрија

Во 2012-та година изречените санкции од страна на инспекторите изнесувале 720.000 евра, што кај инспекторатот доведува до заклучок дека работел ефикасно но и дека во Македонија има многу илегални активности на ова поле. Возниот парк има 18 автомобили во кои 1995 и 1996 се годините на производство кои доминираат, додека најновата е „форд фиеста“ од 2001.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“