28 Март, 2024
0.0252

PayPal – што вистински ќе значи за нас?

Објавено во: Колумни 30 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Минатиот месец конечно се случи долго очекуваниот и најавуваниот влез на PayPal во Македонија. Порталите во земјава доста еуфорично ја пренесоа оваа вест, но малку видовме подетална анализа како овој систем фукционира и што точно ќе значи за нашата економија и за обичниот граѓанин.

PayPal е меѓународен систем  за електронска трговија (e-commerce) кој овозможува плаќања и трансфер на пари преку интернет. Бизнисот е во сопственост на eBay, формиран е во 1998 годнина, и веќе оперира во повеќе од 200 земји ширум светот со околу 148 милиони регистрирани сметки (акаунти).

Со PаyPal, преку интернет можете да купувате производи и услуги. Можете да испраќате/плаќате средства на било кој што има е-маил адреса, без разлика дали тој има или нема PayPal акаунт. Сепак за да примите уплата мора да имате PayPal сметка врзана со е-маил адреса.

Регистрирањето е едноставно и брзо, се бара ваше Име и Презиме, телефонски број, адреса, и податоци од кредитна/дебитна картичка.

Добрата вест е што при плаќање, нема да ви се наплатува провизија. Провизијата се наплатува од интернет-трговците, т.е од продавачите. Ова ќе значи дека покрај Aliexpress, ќе ни се отворат вратите од уште голем број на е-продавници, од кои Еbay и Амазон се секако најважните.

За жал, можеби најважната опција - прием на средства (уплати), нема да функционира за Македонија уште извесно време. Ова ги урна надежите на сите фриленсери, стартапи и е-продавници кои се надеваа дека конечно ќе добијат поедноставен начин да ги продаваат своите услуги и производи во странство. Искуствата на луѓето што работеле на проекти од дома за странски нарачатели, покажуваат дека поминуваат низ сериозни потешкотии и големи провизии додека дојдат до заработените пари. Сепак ќе мора да почекаат уште некое време за да може да го искористат PayPal за продажба.

Со оглед на тоа дека електронската трговија е сеуште во зародиш во земјава, не очекувам дека влезот на PayPal ќе значи некакво тектонско развижување на нашата економија и e-трговија. Треба се предвиди дека за разлика од кинеските сајтови, доколку купувате од европски или американски продавници најчесто ќе има и трошоци за транспорт кои може да бидат поголеми и од цената на самиот производ. Ако на тоа се додаде и царина, производите ќе бидат прескапи.

Секако дека PayPal ќе донесе извесно зголемување на довербата и свесноста кај граѓаните во однос на интернет плаќањата, но проблемот и не е толку до медотологијата на плаќање, колку што е психолошки и егзистенционален.

Кај нас луѓето сеуште, со голема недоверба гледаат на електронската трговија. Стравуваат да не бидат злоупотребени нивните средства, се плашат дека нема да го добијат нарачаниот производ, дека ќе бидат хакирани, а  многумина немаат ни основни познавања на компјутери и интернет. А за расположливи средства за шопинг и не треба многу да зборуваме.

Дополнително, моменталната достапност само на услугата “send money” ќе значи зголемување само на увозот во земјава и ќе има негативни реперкусии на нашиот бруто домашен производ.

Ненад Ристовски

Можеби ќе ве интересира

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

ЗА (НЕ)ПРИМЕНАТА НА ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

Кој го организираше терористичкиот акт во Русија?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?

ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ И ЗАШТИТАТА НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ИЛИ ДОЛЖНИЦИТЕ ИЛИ СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ?