Добивај вести на Viber
Општина Центар го расчисти „Бувљакот“-пазарот за стари работи под Скопското Кале што беше причина денеска пазарџиите кои продаваа овде да се преселат. Како што јави Канал 5 телевизија, продавачите на стари работи своите импровизирани тезги денеска ги ставија долж улицата Самоилова, непосредно под Американската амбасада во Скопје. Тие се заканија дека секој вторник и петок ќе ги поставуваат тезгите се до моментот кога општинските власти не одлучат да им дадат локација за пазарот.
Пред две седмици општината го расчисти пазарот под Кале. Оттаму овој чекор го правдаа со тоа што вработените во Царина на Република Македонија и базенот Плаја Виста, се жалеле на ужасната миризба и отпадот кој се наоѓаше пред нивните капии.
Акцијата заврши за неколку дена, а покрај механизацијата 50-тина работници го чистеа сметот и уредуваа теренот. Собраниот смет на крајот заврши на Дрисла, а просторот за време на акцијата беше затворен за секакви активности и движење.