19 Мај, 2024
0.0288

Пендаровски: Франција е во право дека треба да се смени методологијата, но датум треба да добиеме сега

Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Стево Пендаровски, претседателот на Македонија, при посетата на Австрија и средбата со австрискиот шеф на државата Александер Ван дер Белен, вели дека  Франција со право бара подобрување на методологијата во преговорите со која што придобивките и напредокот при преговарањето со ЕУ и дека нашата земја нема да има проблем со заострените критериуми.

Пендаровски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на ставот на Франција во врска со проширувањето на Европската унија, вели дека оваа земја нема намера да блокира или да стави вето на доделување на нечиј датум за преговори.

„Ние со внимание ги следиме сите информации кои доаѓаат од средбите во Брисел, во седиштето на Европската унија, во однос на ова прашање. Спомнав и во мојот говор дека станува збор за една од најзначајните одлуки која граѓаните и мојата земја ја чекаат од нашата независност, од 1991 година. Меѓутоа, впечатокот мој и на сите луѓе кои работат со мене не е дека Франција блокира, и мислам дека воопшто не станува збор за француско вето за почеток на пристапните преговори. Франција со право бара подобрување на методологијата во преговорите со која што придобивките и напредокот при преговарањето,  по сите различни поглавја, 35 како што се предвидени, да биде неповратен. Значи кога ќе се оствари напредок да има јасни критериуми дека тоа е напредок и дека нема да има назадување неколку години откога ќе ги поминете преговорите и откако ќе станете членка на Европската унија. Значи накусо, мислиме дека станува збор, во принцип, за корисно размислување на тема како пристапните преговори да бидат попродуктивни и да не биде само формално штиклирање, формално завршување на преговарачките поглавја, туку навистина да имаме супстанцијален квалитативен напредок во сите битни области за функционирањето на една демократија“, смета Пендаровски.

Тој ддоава дека Македонија нема ниту една причина да се плаши од евентуално подобрување на критериумите за преговарање, бидејќи земјата, според Пендаровски, имаме подготвени тимови за преговарање. 

„Впрочем ние сме 14 години земја кандидат, од 2005 година, и верувајте прилично добро сме подготвени за преговорите, така што и да има измена во методологијата, ние нема да имаме проблем тоа да го следиме, напротив, со сите ресурси кои ги имаме на располагање, човечки и технички, ќе влеземе во таквите преговори и верувам дека релативно брзо ќе ги поминуваме преговарачките поглавја. Значи го поддржуваме пристапот да се заострат критериумите при преговарањето, за преговарачките успеси да не бидат формални туку суштински.  И повторувам, тврдам, уверен сум, гарантирам во име на мојата земја дека ние нема да имаме проблем и при таков иновативен начин на преговарање“, вели Пендаровски.


Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид