Пендаровски: Македонија меѓу земјите кои најмногу и помогнаа на Украина
Објавено во: Македонија 26 Септември, 2022 20:17
Претседателот Стево Пендаровски во видео обраќање со кое ја отвори 13-та Меѓународната научна конфренција во Струга „Образовни предизвици и перспективи на безбедноста“, рече дека Македонија адекватно на своите ресурси припаѓа меѓу земјите кои најмногу и помогнале на Украина во отпорот кон Русија.
-Уште во 2014-та по анексијата на Крим беше јасно дека пред европската безбедносна архитектура има значајни предизвици, но, реално никој не очекуваше директна воена агресија врз една независна и суверена земја каква што не е видена од завршувањето на втората светска војна.
Ние ја осудивме руската агресија врз Украина и дадовме целосна поддршка на украинскиот народ во одбрана на својата независност која вклучуваше не само политичка, туку и конкретна техничка помош и воена опрема. Споредено со нашите капацитети и големина, припаѓаме во групата на земји кои најмногу ја помогнаа Украина во нивната праведна одбрана од агресијата. Тоа го направивме не само затоа што сме членка на НАТО, туку затоа што веруваме во принципите на меѓународното право кое не дозволува воена агресија на една земја врз друга, рече Пендаровски.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




