18 Мај, 2024
0.0298

Пендаровски: Не можеме младите да ги држиме со сила

Објавено во: Македонија 27 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на Македонија, во денешното интервју за бугарски „Дневник“ вели дека, ако ја добие довербата на изборите, ќе се бори младите да останат во земјата, но и дека никој не може да ги задржи со сила да не заминат.

- Јас ќе се борам за тоа  луѓето да имаат право на избор. Ако тие навистина се решени да заминат, ништо не може да ги запре. Но, ако сакаат да останат, ќе сториме сé за да им обезбедиме услови за личен и професионален развој и добар живот за нив и за нивните семејства, вели Пендаровски.

Во контекст на прашањето му бепе сугерирано дека проблемот со отселувањето на младите само ќе се продлабочи со интегрирањето на Македонија во ЕУ и дека ова веќе се случило во земјите од Источна Европа.

„Протерувањето на младите не е само кај нас, туку и во целиот регион, а и во целата Источна Европа, е комплексен феномен што не може да биде решен ниту брзо ниту со бирократски или популистички мерки. Но, во нашата земја, најголемото заминување се случи за време на управувањето на претходната влада. Не беше случајно. Корумпираните и партизирани институции ги ограничија можностите за работа и достоен живот и тие беа само за лојални партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините партнери. Мнозинството граѓани беа дискриминирани и не беше достапен пристап до работни места, особено во јавниот сектор. Автократско владеење и кршењето на човековите права и слободи принудија многу млади и образовани луѓе, дури и оние кои веќе имаа работни места и релативно пристојни плати, да ја напуштат, бидејќи одбиваа да живеат во страв“, додава Пендаровски.

Додаде дека економскиот раст, зголемените инвестиции и појавата на подобро платени работни места најдобро се исполнуваат со имплементирање на стратешките интереси за членство во НАТО и Европската унија. 

- Затоа, иако немам директни овластувања во економската сфера, верувам дека мојата политика во оваа насока директно ќе влијае на економскиот напредок. Во оваа област е особено важен новиот момент во односите со соседите, што е најдобар мотив за подобра економска соработка, нови инвестиции и нови работни места, тврди кандидатот за претседател на владеачкото мнозинство.




Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?