01 Мај, 2024
0.0646

Пендаровски: Немавме информација за тоа што подготвува Макрон

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Шефот на државата, Стево Пендаровски, во разговор со Призма вели дека државниот врв немал никаква информација за тоа што подготвува францускиот претседател Емануел Макрон пред октомвриското разочарување и недобивањето на датум за преговори со ЕУ, иако државниот врв беше убеден во позитивна одлука.

Претседателот на Македонија смета дека лошата проценка се темели на тоа што Владата и тој немале изворна информација од Елисејската палата, односно дека францускиот претседател директно се занимавал со проширувањето, а не Министерството за надворешни работи со кое македонската влада, сепак, имала контакти.

„Министер од друга земја-членка во неврзан муабет ми гарантираше дека Франција нема да блокира. Рече нема шанси.“, вели Пендаровски.

Тој тврди дека Франција предлага новата методологија да биде усвоена во јануари, што според него, тоа имплицитно остава простор за оптимизам околу датумот до пролет.

„Макрон ми рече – ние сакаме во наредниве месец до два да го понудиме тоа, да добиеме инпут од другите земји-членки и да го усвоиме не подоцна од март“, вели Пендаровски за својата неодамнешна средба со Макрон.

Сепак, вели дека допрва ќе има консултации и дебати помеѓу Франција и другите земји-членки на ЕУ  и земји од Западен Балкан за предлогот и не се знае колку време тоа ќе одземе.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија