19 Мај, 2024
0.0336

ПЕНДАРОВСКИ ОДИ ВО ГЛАЗГОВ: Во следните два дена нема да дава нов премиерски мандат

Објавено во: Македонија 01 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Претседателот Стево Пендаровски, денеска и утре – 1 и 2 ноември 2021 година, понеделник и вторник, во Глазгов, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, ќе учествува на Светскиот лидерски самит во рамки на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (COP26), соопштија од кабинетот на претседателот.

„Претседателот Пендаровски ќе присуствува на отворањето на самитот и ќе се обрати на пленарната сесија на собирот, а ќе присуствува и на приемот што за лидерите учесници на самитот ќе го приреди премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон. Претседателот Пендаровски ќе присуствува на настанот со кој ќе се означи почетокот на глобалната заложба за метан, како иницијатива на претседателот на САД, Џозеф Бајден и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, како и на лидерскиот настан „Акција и солидарност – критичната деценија“, во организација на премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, стои во објавата.

Инаку претседателот Пендаровски има клучна улога во државата сега по новиот развој на насатните на политичката сцена а откако Зоран Заев поднесе оставка од функцијата премиер на државата. Откако ќе ја поднесе до Собранието има повеќе опции, а тоа е на досегашната владејачка коалиција која ако го потврди мнозинството, може повторно да им додели нов мандат за формирање Влада. Тоа може да е човек од СДСМ или од коалицијата.

Ако се формира ново мнизниство тогаш Пендаровски ќе го даде мандатот кон оваа коалиција. 

Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама