Пендаровски со реакција на осмомартовската честитка на Каракачанов со „Голема Бугарија“
Објавено во: Македонија 09 Март, 2021
Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски се огласи со реакција откако вчера вицепремиеорт на Бугарија, Красимир Каракачанов, објави честитка за 8 Март со географска карта од „Санстефанска Бугарија“ во која е опфатена и територијата на денешна Македонија.
„Претседателот Пендаровски, во однос на ваквите изјави кои доаѓаат од Софија секогаш укажувал дека претставуваат отворено кршење на Договорот за добрососедство и ја поткопуваат довербата меѓу двете земји и народи.
Ваквите постапки се во спротивност на основните принципи и вредности на НАТО Алијансата во која и двете држави се рамноправни членки.“, се вели во реакцијата на шефот на државата.
– Традиции, семејство и чесност. Бугарија над сѐ, објави вчера Каракачанов, а на честитката беше прикажана мајка која во своите прегратки држи дете, а во позадина беше исцртана географската карта на „Санстефанска Бугарија“.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.