19 Мај, 2024
0.0308

Пендаровски убеден за НАТО, вели дека Македонија нема да извиси

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Утре чекаме чекаме официјална најава од седиштето на НАТО во Брисел дека на Македонија ќе и биде доделена официјална покана на следниот Самит на Алијансата во Брисел на 11 и 12 јули, изјави денеска Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски на 98. РОС-РОТ Семинар што се одржува во македонското Собрание.

– Генералниот секретар Јенс Столтенберг ќе го објави тоа што македонските граѓани го чекаат со години. Тоа ќе биде завршна етапа од нашето асоцирање во Алијансата, имајќи предвид дека Република Македонија е неславен рекорден со 19 кругови од акциониот план за членство во НАТО, рече Пендаровски.

Во меѓувреме, како што кажа тој, Македонија покажа завидно ниво на отпорност, жилавост, со оглед дека двапати се наоѓала на работ.

– Првиот пат тоа беше во 2001 година кога имавме внатрешен конфликт,  а само четири години подоцна во 2005 добивме статус кандидат за ЕУ. Вториот пат кога се вративме од работ е мината година кога по 11 години тврд автократски режим, за само една година добивме покана за членство во Алијансата. Сега, една година по упадот во Собранието разговараме Македонија да стане членка на Алијансата и начелно договорен датум за преговри со ЕУ за јуни следната година, оцени Пендаровски.

Потсети дека влезот во НАТО е најголемиот кохезивен фактор во земјава, имајќи предвид дека околу 80 отсто од граѓаните се за влез во Алијансата, без оглед на етничката припадност, што не е случај со останатите земји аспиранти.

За придобивките од НАТО денес, тој вели дека иако нема закана по територијалниот интегритет на земјава, светот се соочува со друг вид закани како хибридни војни, кибер напади и ефектот од лажните вести што можат да направат прилична штета на економијата во земјата.

– Имаме големи проблеми со тероризмот со верски поттекст, а фокусот е на блкискоисточните војни особено во Сирија, каде пто имаме наши граѓани кои војуваат таму и соработката во рамки на Алијансата во оваа област е многу потребна, рече Пендаровски.

Тој заклучи дека за разлика од ЕУ, во НАТО нема замор од проширувањето, во НАТО никој не размислува за Брегзит, а за напуштање на Алијансата не размислуваат ниту Исланд кој нема армија, а ниту ни Луксембург чија армија брои 450 војници.

Денешните сесии на семинарот се посветени на Земјите-НАТО аспирантки од Западен Балкан: Патот напред, Реформите во одбранбениот и безбедносниот сектор и Од Скопје до Брисел: следните чекори во евроинтегративниот процес. Најавени се обраќања, меѓу другото, на заменик – министерот за одбрана Беким Максути и на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

Семинарот е во организација на парламентарното собрание на НАТО во соработка со Собранието на Република Македонија на тема „Евроатланска интеграција на Западен Балкан: зајакнување на Европскиот мировен проект“.


Можеби ќе ве интересира

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално