27 Април, 2024
0.0289

Пензискиот фонд порано ги пуштил вработените, директорот вели - ако треба ќе се заврши работата

Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Претпразничната атмосфера и продолжениот викенд изгледа ги зафати и многу од државните институции. Некои од нив, односно нивните раководни лица, уште денеска, порано пуштиле дел од своите вработени од работа, со образложение дека е празник и заслужиле порано да си одат дома. 

Но, тоа и не би било толку голем проблем, доколку овие институции не работат со граѓани и компании, на кои им се потребни нивните услуги. А од друга страна, сите даночни обврзници плаќаат даноци и придонеси, од кои потоа се алиментираат и платите на вработените во државните институции.

Една таква државна институција за која дозна Фактор, е Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Според поплаки кои ги добивме од вработени во компании кои денеска во 13.30 часот отишле да завршат некоја работа на шалтерите на Пензискиот фонд, таму им рекле дека тоа не можат да го сторат денеска, од причина што сите вработени од шалтерите си заминале дома, бидејќи ги пуштиле порано од работа поради празникот. 

Револтираните граѓани велат дека ова е недозволиво, институцијата да не работи во текот на работното време, без разлика што раководството решило да биде великодушно и да ги почести вработените со неколку слободни часови.

Фактор оваа информација ја провери кај директорот на Фондот за ПИОМ, Шаип Зејнели. Тој за Фактор изјави дека некои од вработените навистина се пуштени порано, но не е точно дека шалтерите на ПИОМ биле затворени.

„Вистина е дека некои вработени се пуштени порано, но не е точно дека се е затворено. Еве, ако некому му е потреба услуга од Фондот за ПИОМ, дајте му го мојот телефонски број, јас ви гарантирам дека работата ќе биде завршена“, вели за Фактор Шаип Зејнели, директор на Фондот за ПИОМ. 

Зејнели му се заблагодари на Фактор што оваа информација ја проверил кај него, и тој добил можност да ја демантира.

А токму „ажурноста“ на јавнјата администрација деновиве беше предмет на дискусија, кога од министерот за информатичко општетство и администрација, Дамјан Манчевски потекна идејата дел од административците да бидат префрлени во приватниот сектор, како дел од планираната реформа на администрацијата. На ова приватните компании бурно негодуваа, со образложение дека нив им требаат вредни работници. Дел од бизнисот ги праша владините функционери што имаат приватни компании, дали таму би ги вработиле, како што некои ги нарекоа, мрзливите административци. 

Интересно би било да се слушне што на ваквото однесување на вработени во Фондот за ПИОМ ќе има да искоментира министерот Манчевски.

( Н.Н.Ф.)


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“