06 Октомври, 2024
0.0335

Пет милиони евра за 200 музички композиции во идните десет години

Објавено во: Мои пари 20 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Со средства од Буџетот на Република Македонија, а по пат на конкурси, секоја година ќе се финансира создавање 200 нови композиции, од кои 150 од областа на забавната и народната музика и 50 детски композиции, истакна на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Конкурсите на кои музичарите ќе може да аплицираат ќе бидат распишувани четири пати годишно, а бројот на избрани песни кои ќе бидат финансиски поддржани во рамките на еден квартален конкурс ќе зависи од квалитетот на музичките композиции со кои се аплицира, но на годишно ниво треба да се застапи бројката од 200 песни.

Средствата од Буџетот, како што додаде Ѓорѓиев, ќе се користат врз основа на Програма за поттикнување на развојот на домашната забавна и народна музика, која на предлог на Министерството за култура, ја донесува Владата.

Формално правно реализатор на проектот ќе биде ЈП Македонска радио-телевизија-Скопје, преку која ќе се врши финансирање на создавање нови композиции во категорија „таленти“ - 10 композиции годишно, во категорија „афирмиран изведувач“ односно изведувач кој има издадено еден албум или 10 синглови - 20 композиции годишно, во категоријата „истакнат изведувач“ односно изведувач кој има издадено два албуми или 20 синглови - 35 композиции  годишно, во категорија „врвен изведувач“ односно изведувач кој има издадено два албуми или 20 синглови и има одржано солистички концерт  - 37 композиции  годишно, во категоријата „ѕвезди“ 28 композиции годишно, во категоријата композиции со кои се афирмираат семејните вредности во општеството или многудетните семејства - 10 композиции годишно, во категоријата композиции со кои се афирмира историјата на Македонија  - 10 композиции годишно и во категоријата „детски композиции“ - 50 композиции  годишно.

- При изборот за финансирање на композициите ќе се води сметка за соодветната и правичната застапеност на заедниците кои живеат во Република Македонија, нагласи владиниот портпарол.

Композиции избрани на конкурсот во категориите „таленти“, „афирмиран изведувач“, „истакнат изведувач“, „врвен изведувач“, „композиции со кои се афирмираат семејните вредности во општеството или многудетните семејства“ и „композиции со кои се афирмира историјата на Македонија“, како што појасни Ѓорѓиев,  ќе се финансираат со средства во износ од 3.000 евра, од кои 1.500 евра се за создавање на композицијата и за изработка на аудиозапис на композицијата, а 1.500 евра се за изработка на видеозапис за композицијата.

Категоријата „детски композиции“, како што додаде, ќе се финансира со средства во износ од 400 евра наменети за создавање на композицијата и изработка на аудиозапис за композицијата.

- Композицијата од категоријата „ѕвезди“ ќе се финансира со средства во износ од 4.500 евра, од кои 3.000 евра се за создавање на композицијата и за изработка на аудиозапис на композицијата, а 1.500 евра се за изработка на видеозапис за композицијата, истакна владиниот портпарол.

Нагласи дека за реализација на проектот по основ на финансирање на 200 композиции годишно ќе бидат издвојувани околу 500.000 евра.

Ѓорѓиев информира дека во текот на октомври ЈП МРТВ ќе објави јавен повик за подготовка на листа, од која ќе се избираат членовите на Комисијата која ќе учествува во постапката за одлучување по конкурсот за финансирање на композициите, и кој ќе трае 30 дена.

- На овој јавен повик може да аплицираат автори на музички дела (музика, текст и аранжман), изведувачи, продуценти на аудиозапис односно продуценти на видеозапис и музички уредници во радиодифузни организации, значи лица од самата музичка индустрија. Од апликантите ќе биде составена листа од 50 лица од кои во втора фаза ќе избере самата Комисија во натамошните фази, појасни тој.

Во текот на јануари 2014 година, ЈП МРТВ ќе објави јавен конкурс за создавање нови музички композиции, кој ќе трае 30 дена. На конкурсот, како што рече Ѓорѓиев, ќе може да аплицираат музички изведувачи, кои согласно законските прописи и категориите во законот треба да достават композиција која ќе е предлог за финансирање. - Единствено категоријата „ѕвезди“ ќе се пријавува на конкурсот само со своето име и презиме, а не со композиција, затоа што се смета дека музичарите од оваа категорија и нивните тимови можат да направат музичко дело со соодветен квалитет, додаде тој.

По завршувањето на конкурсот ќе се закаже ден во кој ќе се одлучува по однос на конкурсот. - Во текот на тој ден, два часа пред почетокот на постапката за одлучувањето, од пошироката листа на Комисијата на 50 музички работници кои се избрани на листата на конкурсот во октомври, по пат на лотарија ќе бидат избрани пет до седум лица кои ќе ја формираат Комисијата која ќе одлучува по пристигнатите апликации, истакна портпаролот.

Комисија, како што појасни во рок од 24 часа од моментот на започнување на постапката за одлучување по конкурсот утврдува дали композициите ги исполнуваат условите од Законот за поддршка на домашната музичка продукција и дава стручно мислење за квалитетот на композициите, и потоа доставува предлог до директорот на ЈП МРТВ, кои композиции и изведувачи треба да бидат прифатени на Конкурсот.

- Директорот на ЈП  МРТВ, по добивањето на предлогот на Комисијата, во рок од три дена, донесува одлуки во врска со конкурсот за избор на изведувачите, односно композициите кои се прифатени на конкурсот и изведувачи и композиции кои се одбиени на конкурсот, рече Ѓорѓиев.

Одлуките во врска со конкурсот ќе бидат објавени на веб-страницата на ЈП МРТВ, по што ќе следи склучување на поединечни договори со изведувачот односно со еден од авторите  на композицијата за композиции од категоријата „детски композиции“ кои се избрани на конкурсот. Потоа, во рок од два месеци треба да се сними аудио запис за композицијата и видео запис на композицијата.

- Согласно оваа методологија би можело да се очекува веќе во април да ги имаме првите производи од овој проект, рече портпаролот.

Владата  апелира до сите музички работници да учествуваат во овој проект, со кој се дава поддршката на домашната музичка продукција за создавање културно богатство.

Проектот, кој е предвидено да трае 10 години, има вкупна вредност од пет милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми