Пет начини да ја направите вашата соба да изгледа поголема!
Објавено во: Стил 18 Август, 2014 19:52
Уредувањето на мали соби може да биде предизвик, но постојат и некои едноставни работи кои можете да ги направите преку викенд за вашиот простор да изгледа поголем. 1. Купете најголемо огледало што можете да си го дозволите и ставете го во централната област на вашата соба, пример над каминот или над софата. Прикачете го повисоко за да ја избегнете рефлексијата. Можете да купите и неколку помали огледала за да формирате група со која ќе ја постигнете истата цел.
2. Не ги оставајте ѕидовите бели ! Секако дека тоа е спротивно од она што сте го слушнале. Белите ѕидови не ја прошируваат повеќе собата од другите светли бои, затоа додадете малку карактер на ѕидовите. Бојадисајте ги сини или зелени. Овие бои визуелно ја прават собата поширока, а додека топлите светли нијанси ја прават потесна.3.Променете го распоредот на мебелот. Не постои некоја формула која би функционирала за секоја соба... некои соби ќе изгледаат поголеми со мебелот наспроти ѕидовите, а некои со мебел на среде соба. Експериментирајте! 4.Тргнете ги сите декоративни елементи што го кршат просторот. Ова е случај каде и малку е многу. Ако две декоративни перничиња ја даваат енергијата која е потребна, тогаш зашто да не додадете четири. Употребете декоративни елементи од поголеми размери, наместо мали во голем број. Ослободете се од нередот и не чувајте елементи само да гo пополнуваат просторот.
5. Најкорисниот, но исто така и најлесниот совет
за мали соби. Сјајните и стаклените површини ја рефлектираат светлината, што секако го проширува просторот создавајќи илузија на голема соба. Затоа одржувајте ги чисти прозорите, мазните и стаклените површини.
Овие 5 лесни начини за зголемување на изгледот на собата можете да ги примените за било која соба, а ќе ви одземе само еден викенд.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





