20 Декември, 2025
0.0950

Пет начини да заштедите и со мала плата

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2016 13:36

Добивај вести на Viber

Како што мнозинство од луѓето, посебно кај нас, од месец во месец се борат со недостатокот на финансии и мала плата, потребна е „реорганизација“ на финансиското планирање и промена на животните навики.

Ова се петте начини како да заштедите и покрај слабите примања:

1. Обидете се да ги зголемите приходите

Секој денар се смета за добродојден. Доколку, на пример, добиете зголемување, пробајте вишокот пари да го заштедите, а продолжете да живеете со она што досега го добивавте. Доколку сте во можност, пробајте да најдете некоја додатна работа.

2. Контролирајте се

Одењето во шопинг центар може да биде погубно за вашиот паричник ако немате контрола. Ако често тргнете по едно, а успат купите и нешто друго време е да престанете со оваа практика.

3. Размислувајте за иднината

Трошењето пари е често „ствар“ на импулсивно реагирање во кое се заборава дека се доаѓа за наплата. Затоа пред уште еднаш да ја „испеглате“ картичката, два пати размислете дали тоа ви е потребно.

4.Ослободете се од минуси и долгови

Иако животот „во минус“ денес е нормала, долгорочно тоа не се ваши пари и кога тогаш ќе мора да ги вратите на банката. Исто  важи и за доцнењето на платежната картичка.

5.Размислете што сакате со парите

Поставете си цел што сакате да ја постигнете со парите, и финансиски план и паметна организација и тргнете во негово остварување.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба