ПЕТ ПАТИ ИМАЛА КЛИНИЧКА СМРТ, СЕГА ДОБИЛА И ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА: Тинејџерка од Белград е медицински феномен, не се предава
Објавено во: Балкан 05 Декември, 2021
Медицинската
документација на Наталија Стевановиќ (18) од Белград ја класифицира како
медицинско чудо, а дека е така покажуваат нејзината насмевка и храброст. Родена
е мртва, но не се предава како божицата на победата - Ника, како што ја
нарекуваат најблиските!
Таа е родена без знаци на живот во 22-та недела од бременоста. Ја оживеале со реанимација, иако никој не верувал дека ќе преживее. Таа била на респиратор и долго време во инкубатор поради што добила страбизам, и треперење на очите. На петгодишна возраст доживеала страшна сообраќајна несреќа и тогаш имала дури три пати клиничка смрт од вкупно пет. Последиците од несреќата се скршеници на бутна коска, потрес на мозокот, фрактура на черепот, хематом, пукање на белодробно ткиво, внатрешно крварење, крварење во мозокот, епилептичен статус. Била во многу критична состојба.
Тинејџерката има хемиплегија и хемипареза на левата страна од телото, дијабетес, тремор на левата рака, левата нога е пократка за еден сантиметар, има конвулзии и вентрикуломегалија, атрофија на мозокот и циста на мозокот. Таа има срцев шум и алергии на храна, а неодамна и беше дијагностицирана уште една сериозна болест: цистична фиброза, ретка генетска болест која предизвикува промени во белите дробови, цревата, панкреасот и црниот дроб. Секрет се акумулира во белите дробови и се случуваат чести инфекции, но, за жал, се јавува и откажување на органите.
-Кажано ми е дека најголемиот проблем ми е во мозокот, во спротивно немаше да имам физички нарушувања. Во меѓувреме дознав за друга клиника во Киев каде би сакалa да одам на импулсна терапија. Сепак, тие се многу скапи третмани, и ако ме примат, секој месец треба да одам на терапии. Цената е дури 20.000 за еден месец - вели таа и додава дека мора се да проба и дека никогаш нема да се откаже и да престане да се бори бидејќи ветила дека ќе стане неврохирург.
- Кога нешто ветувам, никогаш не го прекршувам ветувањето и секогаш давам се од себе да го реализирам - вели храбрата средношколка во изјава за Блиц. рс.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.