03 Мај, 2024
0.0255

Петрески: Препораката на ММФ да се зголеми старосната граница за пензионирање е избрзана

Објавено во: Економија 20 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Реформата за пензискиот систем треба да биде темелна, и составена од повеќе мерки така што товарот од неа нема да падне само врз една засегната страна, во случајов идните пензионери кои ќе се пензионираат на повисока возраст, вели универзитетскиот професор Марјан Петрески.

Извештајот на ММФ тој го толкува во светло на тоа дека истиот алудира да се стави акцент на создавањето повисока додадена вредност во економијата, наместо фокусот да биде врз социјалните трошења и прераспределбата преку даноците, бидејќи фискалниот простор за зголемување на трошењата а без притоа да создадеме нова вредност е истрошен.

„Дури фондот коректно предвидува дека и при одредена фискална консолидација, буџетскиот дефицит и јавниот долг би се продлабочувале.

Очекувано, главен акцент е ставен на реформата на пензискиот систем, меѓутоа со оглед дека нема студија која детално се занимава со овој проблем, би рекол дека препораката на фондот да се зголеми старосната граница за пензионирање е избрзана. Реформата треба да биде темелна, сеопфатна и микс од мерки така што товарот од неа нема да падне само врз една засегната страна, во случајов идните пензионери кои ќе се пензионираат на повисока возраст, туку тој товар заеднички да го поднесат и идните пензионери, и сегашните пензионери, и оние со бенефициран стаж, и помладите работници.

Да забележам дека регресивната структура на придонесите која се споменува во извештајот е веќе ирелевантна, односно не постои, со воведувањето на минималната плата од 12.000 денари. Минималната основица за пресметка на придонесите беше 50% од просечната бруто плата, што значи била околу 16.000 денари, а со најновата минимална нето плата од 12.000 денари, бруто основицата е 17.000 денари, значи регресивната структура која ја критикувавме во претходните 10 години престана да функционира по автоматизам.

Се на се, извештајот го оценувам позитивен и секогаш добредојден во поглед на преглед на состојбата со економијата, но лично сметам дека некои прашања кои фондот ги дава како bold препораки заслужуваат подетална економски ригорозна анализа и соодветна јавна дебата“, посочува Петрески.

Н.С.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор