Петровска му „стегна“ кривична на Чулев, ја загрозил безбедноста на граѓаните

Објавено во: Економија 11 Јануари, 2020
Дополнителната заменик министерка во МВР Славјанка Петровска ќе поднесе кривични пријави до надлежното обвинителство против техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, поради несовесно и нестручно работење.
Кривичните пријави, како што вели Петровска, ќе ги поднесе бидејќи Чулев со неговото работење го нарушил работењето на полицијата и ја загрозил безбедноста на граѓаните.
– Техничкиот министер Чулев вчера (10.01.2020) потпишал телеграма која е доставена до сите организациски единици во МВР, со која ги известува раководителите на организациските единици дека наредбите донесени согласно член 154 од Законот за внатрешни работи, со кои на работниците им се наредува да извршуваат задачи во други организациони единици престануваат да важат. Веднаш по доставувањето на телеграмата се обратив писмено до техничкиот министер Чулев и му посочив дека телеграмата е донесена без мое запознавање и согласност и му укажав на сериозноста на оваа негова одлука и последиците со кои ќе се соочи МВР во делот на извршувањето на својата основна функција, се наведува во соопштението од Петровска.
Со престанокот на важењето на писмените наредби, како што истакнува Петровска, се создава недостаток на човечки ресурси во делот на обезбедувањето на личности и објекти и со тоа директно се загрозува безбедноста на лицата и објектите кои МВР има обврска да ги обезбедува, како на пример амбасадите на Чешка, Босна и Херцеговина, Бугарија, резиденцијата на амбасадорот на ЕУ… Отежнато е постапувањето и по плановите за зајакнати мерки за обезбедување на амбасадите на Албанија и Турција.
-Директно загрозено е и обезбедувањето на делови од државната граница, граничните премини, особено делот на северната граница поради недостатокот на полициски службеници кој настана со одлуката на Чулев. Полициската станица за граничен премин Долно Блаце поседува 11 контролни пунктови за пасошка контрола, кои мора да бидат пополнети со цел нормално функционирање, а Граничниот премин Јажинце ќе престане да функционира, вели Петровска.
Според неа, со ваквото неодговорно и незаконско работење Чулев ја доведува во опасност безбедноста на границата, на највисоките државни претставници, како и на амбасадите во нашата држава, односно ја загрозува целокупната безбедносна состојба во државата, со што прави кривично дело, но и создава услови за извршување на кривични дела од други лица, кои ќе го загрозат територијалниот интегритет на државата.
foto: 365.com.mk
Можеби ќе ве интересира
Ѓорѓи Петрушев во „Бизнис-клуб“: „Националниот совет за извоз ќе помогне во едукацијата на компаниите и во нивните напори за извоз“

ПО НАЈАВАТА НА ТРАМП ДЕКА ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ПУТИН: Се зголеми вредноста на еврото

Средба Божиновска - ЗЕЛС: Струјата не смее да биде луксуз, jавните институции нема да останат сами во борбата со високите сметки

„НАМАЛУВАЊЕ НА ДАНОКОТ ЗА СТРУЈА И ФИКСИРАЊЕ НА МАРЖИТЕ“: Филипче предлага сет мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните

ИМ ПРЕСУДИЈА НАФТАТА И ГАСОТ: Како една европска земја потона во рецесија

Работна средба Узунчев –Рокас: ЕУ е стратешки партнер на АД ЕСМ во новиот инвестициски циклус
Божиновска со претставници на германската КfW банка: Поддршка за рентабилноста на ЕСМ и инвестиции во обновливи извори

„МАРКЕТЏИИТЕ“ СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ, БАРААТ ИТНА СРЕДБА СО ВЛАДАТА: „Одлуката за ограничување на маржите ќе го доведе во прашање опстанокот на 86 фирми, со 790 продавници и 4.700 вработени

НЕЛОГИЧНО Е ДА ИМА СТАПКА НА ИНФЛАЦИЈА ОД 3 ОТСТО, А ДА ИМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ И ДО 30 ПОСТО: Битиќи вели граѓаните живеат се потешко
