Пијан турист го промашил хотелот - што се случило со него?
Објавено во: Свет 11 Април, 2018
Естонскиот турист Павел бил пијан додека зимувал на Алпите, при што наместо во својот хотел, стигнал до врвот на планината.
Тој бил сместен во одморалиштето Италис Вале д’Аоста. Но, една ноќ толку многу се опил, што снежните улици наместо кон хотелот, го однеле кон врвот Вентина. Некаде меѓу два и три часот наутро од височина го забележал својот хотел, а кафулето во кое пиел се наоѓало 2.400 метри под него.
На врвот се наоѓал уште еден хотел, па тука нашол засолниште за една ноќ. Персоналот следното утро го пронашол со две празни шишиња од вода.
Пијаниот авантурист го барала и полицијата, а користени била и дронови. Откако го пронашле, му врачиле казна за натрапништво, но нема да биде осуден.