16 Декември, 2018
0.3255
    ALK 8197.71    -1.16%     FERS 67900    0%     GRNT 800.16    -2.3%     KMB 5024.07    -0.79%     MPT 46679.54    -1.73%     MTUR 4900    0%     OHB 6517    -0.43%     OILK 6000    0%     OKTA 4350    0%     RMDEN12 97.3    0.31%     RMDEN15 96.8    -0.41%     RMDEN16 97    0%     SBT 1950    8.22%     SOLN 170    0%     STB 1281.65    -0.63%     TEL 299.58    -0.14%     TNB 14180    -0.14%     TTK 1270    -0.78%     ZLRB 6170    311.33%

Пијавици и комарци

Објавено во: Колумни 08 Август, 2018


Не така одамна напишав една колумна во која говорев за евангелието по Лука, за претепаниот од разбојниците и фрлен во каналот покрај патот, кога двајца фарисеи сакале да го исчистат од пијавиците и комарците кои му се налепиле по целото тело, но тепаниот смогнал душа и им рекол да го остават така, оти ќе го убијат. Фарисеите го оставиле, коментирајќи дека е не благодарник. По кратко, поминал некој самарјанин, го исчистил страдалникот, го качил на магарчето и го однел во некоја меана, оставил два сребреника и го замолил меанџијата да поведе сметка за човекот додека закрепне, ако треба, на враќање ќе му доплати за услугата. Човекот закрепнал, станал и излегол во градината да прошета. Таму ги сретнал двајцата фарисеи, кои изненадени што го гледаат жив, го прашале дали се сеќава како реагирал кога тие сакале да му помогнат. Да, одговорил човекот, ќе ме убиевте, ќе ги симневте од моето тело сите пијавици и комарци кои беа нацицани со мојата крв, ќе ме оставевте, ќе ми се залепеа нови, гладни за крв пијавици и комарци, ќе ми ја доцицаа сета крв и јас ќе умрев...

Пораката е стравично вистинита. Во државата ни се множат скандал по скандал, за тоа кој како, на кој начин, преку кои фондови, преку членување во управни и надзорни одбори на добро етаблирани економски оператори, преку кои грантови да исцицаат пари од граѓаните на најсиромашната земја во регионот - Република Македонија.
Исто така, во една колумна пишував за стручните капацитети на актуелниот директор на Бирото за јавна безбедност, за тоа дека во периодот кога за прв пат ја извршуваше истата функција, буквално не испорача ништо по што би го паметеле, напротив, го паметиме по не можноста да ги разбере основните три столба на процесот на реформи во полицијата.

Сега одиме чекор натаму, службен џип, со гориво на државна сметка, без патен налог во Евридики, многу сомнително и дали џипот воопшто бил управуван од полициски службеник, бидејќи ако беше така, колку и да е срамота немањето службен повод, во интерес на транспарентноста во која се колнат владините функционери, ќе го покажеа на јавноста. Во отсуство на факти во јавноста се шпекулира дека возилото било користено од ќерка му на господинот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски.
Затоа имаме молк, има изјава на портпаролот која некој му ја напишал, а тој кутриот мора да се држи до неа и покрај тоа што нема никаков аргумент за фактите околу самиот скандал.
Наспрам портпаролот, директорот на Бирото за јавна безбедност, одлучил да молчи...а што да каже кутриот, цел живот го премолча, освен ако нешто некој не му напиши за тој да прочита, стварно нема што да каже, но овој случај е фатен со симнати панталони и веројатно со право треба да молчи.

Има уште еден скандалозен настан за кој пошироката јавноста не се информира, а станува збор за настан во Гостивар. 
По полициски службеник е трагано откако неговото возило било најдено напуштено, а ни трага ни глас од него. После подолго трагање по него (повеќе од 24 часа) тој бил пронајден во неговото родно село, каде што екипите претходно неколку пати проверувале, но не го пронашле.
За случајот сигурно со причина се молчи, бидејќи наредниот ден полицискиот службеник скокнал од вториот спрат на семејната куќа, за на крај да заврши во една од Скопските болници каде е задржан на лекување.
Не само што се молчи за настанот, туку ни министерот за внатрешни работи не појде во болница да го посети и од прва рака да се информира што се случило, која е причината за "исчезнувањето", а потоа и за падот од вториот спрат...нешто како во случајот со пајакот што ја нападна полицајката.
Не сакам да верувам дека молкот е некој или некои пак да се заштитат од страна на нашата професионална, стручна, не партиска и транспарентна полиција која секогаш постапува по книга.
За крај, дали не ви се чини дека пораката која уште од времето на Христа ни е пренесена низ светото евангелие по Лука е подеднакво актуелна како и тогаш?!
Дали во денешново наше актуелно секојдневие можеме да ги препознаеме фарисеите, можеме да ги препознаеме самарјаните, дали можеме да ја видеме жртвата на која и се изналепени гладни и страдни за крв пијавици и комарци?!
За после се, човек и да се праша, дали има пилот во авионот?!

Воислав Зафировски

Можеби ќе ве интересира

Сторија за Кинезот

Сторија за Кинезот

Ципрас не го убеди Путин за „Преспанскиот договор“

Ципрас не го убеди Путин за „Преспанскиот договор“

ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО – ЕКОНОМСКИ ПРОБЛЕМИ

ЗАШТИТА НА ПРИРОДАТА И ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО – ЕКОНОМСКИ ПРОБЛЕМИ

Плоштад Слобода

Плоштад Слобода

Американците испратија ултиматум до Русија, таа пак како да не го забележува

Американците испратија ултиматум до Русија, таа пак како да не го забележува