Пилот бил надвор од кабинатата неколку минути пред несреќата на Алпите
Објавено во: Свет 26 Март, 2015
Еден од пилотите на урнатиот германски авион на Алпите бил надвор пилотската кабина и не успеал да се врати пред авионот да падне, пишува „New York Times“, цитиран од „Reuters“.
Снимките од едната црна кутија не даваат појаснување зошто пилотот ја напуштил кабината, ниту зошто не успеал да се врати, кога авионот почнал да се спушта кон планинскиот предел на Француските Алпи во фаталниот вторник.
„Човекот бил пред вратата се слуша благ звук, но нема одговор. И тогаш почнува да удира по вратата посилно, но нема одговор. Никогаш не добива одговор. Можете да се слушне дека тој се обидува да ја бутне вратата“, вели изворот на „Times“.
Портпаролот на „Lufthansa“ изјавил: „Немаме информации од властите, кои ќе ги потврдат овие тврдења. Бараме повеќе информации. Не учествуваме во шпекулации поврзани со несреќата“.
Во несреќата загинаа 150 лица од 18 земји, главно од Германија и Шпанија.
Денес блиските роднини и пријатели на загинатите ќе заминат за местото на трагедијата.