Писмото на момчето испратено до татко му „на небото“ доби одговор од Кралската пошта
Објавено во: Стил 01 Декември, 2018 09:56
Момчето кое испрати роденденска честитка на неговиот татко „на небото" доби писмо од Кралската пошта, дека тоа е предадено, пишува БиБиСи.
Џејс Хидмен, кој има седум години, од Запад Лотиан, го добил писмото за да го уверат дека неговата порака до неговиот татко е испратена.
„Јас всушност не можам да кажам колку емотивно знае дека татко му ја добил картичката. Кралската Пошта штотуку ја врати мојата вера во човештвото", вели неговата мајка Тери Копленд.
Фејсбук пост со одговор на Кралската пошта на ова дете беше споделен повеќе од 200.000 пати.Тој и неговата 10-годишна сестра, секоја година по повод роденден на нивниот татко го прават истото откако починал во мај 2014 година.
фото БиБиСи
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





