Пиво, на многу јазици, за Илинден!
Објавено во: Мои пари 02 Август, 2013
Лето е. Уште и празник, Илинден, продолжен викенд. Избор за патување колку сакаш. Полно заминуваат во Грција, но има и луѓе што се решаваат да прошетаат во Европа. Веројатно една од првите работи сите ги правиме откога ќе дојдеме и ќе се сместиме е да нарачаме едно ладно пиво за добредојде и за освежување.
Благодарение на интернетот пронајдовме мапа која ќе ви покаже како да побарате пиво на јазикот на земјата во која што сте. Повелете: Како што гледате скоро во цела Европа ќе пројдете со разни модификации на зборот пиво, додека ќе треба да се помачите доколку сте во Скандинавија и Исланд. На Иберискиот полуостров ќе го добиете вашиот пијалок, доколку на келнерот му побарате Червеза. Каде и да сте, денеска е Илинден, честит празник со чаша пиво! Наздравје!