15 Декември, 2025
0.2317

Плаќањето со биткоин зема сериозен замав во Бугарија

Објавено во: Балкан 04 Февруари, 2014 08:15

Добивај вести на Viber

Плаќањето со биткоин зема сериозен замав во Бугарија. Корисниците можат да откријат редица објекти во земјата кои ја прифаќаат електронска валута за легитимно платежно средство. Екоселиште до тројанското село Горно Трапани, ресторан во Софија, продавница за осветлување, фирма, како за хостинг, така и за облачни услуги, туроператорски агенции, преведувачка агенција во Варна и онлајн продавницата за сувенири, официјално го прифаќаат биткоинот, посочувајќи референца на сајтот coinmap.org . , направена од Стандард. Со сигурност може да се каже дека објектите во земјата кои ја прифаќаат електронска валута, се многу повеќе на број. Уште во почетокот на минатата година, најголемиот портал во Бугарија за споделен шопинг, вгради во платформата можност за плаќање со електронска валута. Само по себе тоа значи дека со биткоини во Бугарија може да се плати за огромна палета на стоки и услуги - од еротска долна облека до возачки курсеви. Цената на еден биткоин се менува во реално време и речиси секоја минута, валутата има различен курс. Пред крајот на петочната трговија, еден биткоин се тргуваше по цена меѓу 1100 и 1250 левови. Во светот, повеќето големи платформи за онлајн трговија , или веќе го вклучиле плаќањето со електронска валута , или во секој момент ќе го сторат тоа. Тоа се прашуваат во моментов и луѓето кои стојат зад глобалниот портал за онлајн трговија ebay . Треба да се напомене дека плаќањето со биткоин се уште не „завладеало“ светот , но брзината на пенетрација на електронската валута во секојдневниот живот е импресивна. Засега повеќето трговци кои прифаќаат плаќања со електронска валута , го прават тоа поради маркетинг ефектот, вели сопственик на IT компанија , кој побарал да остане анонимен . Според неговите зборови, откако трговците ќе прифатат плаќање со биткоин, тие веднаш го претвораат во традиционална валута.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството