Добивај вести на Viber
Нема пари за модернизација на македонската армија. Финансиските средства кои ги добива АРМ се доволни само за тековното работење, се пожали началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески за време на на свечениот собир по повод 16-ти август, Денот на АРМ.
„Во последните години буџетот во АРМ континуирано се намалува. Меѓу останатото ова се должи на економската криза , не само во република Македонија туку и во целиот свет што директно влијае врз стандардот на припадниците на армијата и опременоста на армијата.Сегашните финансиски средства во буџетот се доволни за одржување на опремата и техниката со која располагаме, но не се доволни за модернизација на нашата армија“, изјави началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески кој додаде дека АРМ има направено план за модернизација кој бил презентиран пред надлежните, но засега нема одговор од институциите.
За време на свешеноста началникот Котески истакна дека досегашниот успех што го постигнала Армијата е направен благодарение на сите нејзини припадници, а не само на раководните структури. По повод Денот на АРМ беше положено свежо цвеќе пред спомен обележјето на загинатите бранители од 2001-та пред платото на комплексот на министерството и штабот.