03 Мај, 2024
0.0303

ПЛАСТИЧНИ БАНКНОТИ: Почисти, отпорни на вода и подолг век на траење

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Пружаат можност на специјални безбедносни функции кои би оневозможиле нивно фалсификување. Со полимеризацијата значајно би се продолжил и животниот век на банкнотите, па така банкнотите од 10 и 50 денари, кои во 2015 Централната банка ги замени со ковани пари, веќе до крајот на годината ќе бидат изработени од полимер и ќе имаат животен циклус 3 - 4 пати подолг од хартиените банкноти.

Зошто замена на банкоти изработени од полимер, наместо ковани пари

„Одлуката за печатење на книжни пари изработени од полимер е резултат на следењето на современите иновативни трендови во технологијата на печатење на парите, како и сеопфатните анализи кои Народната банка ги спроведува тековно, врз основа на екстерните и интерните истражувања за расположливите материјали за изработка на пари, животниот циклус на парите, цената по единица производ, брзината на одвивање на готовинските трансакции и сл. Ова особено и заради фактот што од почетокот на 2015 година, Народната банка, задоволувањето на потребите на побарувачката за апоените од 10 и 50 денари ја врши исклучиво со ковани пари. Анализите, недвосмислено покажуваат дека предностите на концептот на полимеризација на апоените од 10 и 50 денари се повеќекратни и во конкретниот случај, ќе се рефлектираат преку добивање финален продукт кој од аспект на трајноста поседува перформанси речиси идентични како и кованите пари, но за разлика од нив покажува тенденција на двонасочно движење со што во голема мера ќе се амортизира постојаниот одлив на овој апоен од Народната банка и задоволување на потребите за непречено снабдување со постојано ново исковување на монети од овие апоени. Во овој контекст особено треба да се истакне и предноста која книжните пари изработени од полимер ќе ја имаат во оперативнио - логистичкиот сегмент која ќе се манифестира со елиминирање на манипулативните потешкотии од аспект на физички напор употребен за дистрибуција на кованите пари од овие апоени, сместувачки капацитети, транспортни трошоци, потреба од соодветно опремен возен парк итн. Исто така, треба да се има во предвид и задоволството и преференциите на крајните потрошувачи коишто сеуште неможат да ја прифатат промената на книжните со ковани пари и кои постојано настојуваат во разменските трансакции да ја зачуваат книжната опција од овие апоени, објаснува д-р Богољуб Јанкоски, шеф на кабинетот на гувернерот за Фактор.

Во што е предноста на парите изработени од полимер

Јанкоски посочува дека полимерот кој како одржлива алтернатива на хартиените банкноти претставува врвно достигнување во индустријата за печатење пари и опстојува повеќе од две декади на пазарот, има такви перформанси кои се особено атрактивни поради големиот број предности кои се интегрирани во базата на подлогата на овој материјал. 

„Полимерот поседува карактеристики кои спречуваат апсорпција на нечистотија, течности, висока отпорност, одлични механички својства и животен циклус 3 - 4 пати подолг од хартиените банкноти.
Станува збор за особено актуелен тренд кој голем број од централните банки веќе го имаат воведено при што во зависност од приликите се одлучуваат за воведување на модел на целосна полимеризација кој ја опфаќа целата серија апоени кои циркулираат во оптек или пак делумна полимеризација, при што како најрационално применливо решение е преминување на книжни пари изработени од полимер кај пониските апоени кои се најзастапени во одвивањето на готовинските трансакции“, вели Јанкоски .

Животен век подолг од хартиените пари

„Извршените анализи за цената на чинење на изработката на парите, покажуваат дека таа ќе биде релативно пониска во однос на онаа по која се произведуваат кованите пари од овие апоени и незначително повисока од онаа по која се изработуваа книжните пари од овие апоени, што е целосно занемарливо имајќи во предвид дека нивниот животен циклус е 3 до 4 пати подолг од хартиените пари. Со оглед на фактот што Народната банка, сите свои набавки, следствено и набавките на книжните и кованите пари ги спроведува согласно Законот за јавните набавки, цената за изработка ќе се определи по спроведување на електронската аукција, како последна фаза од постапката за доделување на договор за јавна набавка“, посочува Јанкоски .

Потешки за фалсификување

„Во спроведените компаративни студии, полимер наспроти хартиени банкноти, евидентирани се и предности во однос на бариерата која овој материјал ја поседува при обидите за изработка на фалсификати со што всушност се овозможува добивање пари кои поседуваат висок степен на сигурност, безбедност и заштита на интегритетот.
Имајќи го во предвид фактот, утврден при експертизата на фалсификуваните пари, дека најчесто применувана техника на фалсификување е употреба на фотокопир во боја, со изработката на парите на полимер подлога, ваквите тенденции во потполност ќе се елиминираат“, смета д-р Богољуб Јанкоски.

Потрајни, почисти и отпорни на вода и висока температура очекуваат од народната банка за овој вид на банкноти имајќи ги предвид високите перформанси кои ги поседува материјалот од кој се изработуваат.

При перење во машина не се очекуваат оштетувања на материјалот од кој се изработени, но при изложување на температури над точката на вриење, можни се некои оштетувања на боите кои ќе влијаат на нивниот квалитет, потенцира Јанкоски.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски