15 Декември, 2025
0.2682

ПЛАТАТА УШТЕ НЕ ИМ Е ИСПЛАТЕНА, ИАКО ИМ ВЕТИЛЕ ДЕКА ЌЕ ЈА ИМААТ ВО ПЕТОКОТ: Уште еден протест на вработените во Паркови и зеленило

Објавено во: Финансии 27 Октомври, 2025 11:40

Добивај вести на Viber

Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје и фирмите-ќерки ДООЕЛ „Флораком“ и ДООЕЛ „Луна“ денеска повторно протестираа поради неисплатената плата за септември. Од 8 до 11 часот ја блокираа крстосницата пред Зоолошката градина - Скопје и булеварот „Илинден“, кај Матично. Најавуваат дека ако во текот на денешниот ден не ја добијат платата, утре, од 7 до 9 часот, ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје. 

- За жал, и покрај нашите напори да стапиме во контакт со раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје, односно со директорот, не успеавме, и начинот да го изразиме својот револт за неисплатена септемвриска плата е преку блокирањето на крстосницата кај Зоолошка и булеварот „Илинден“. Покрај неисплатената плата за септември, вработените се уште немаат земено ниту регрес за годишен одмор или популарно К-15, ниту јубилејни награди, ниту отпремнина на оние вработени кои заминуваат во пензија, изјави за МИА претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ (Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Македонија) Стојанче Кашиковски.

Тој информира дека покрај протестите, имаат поднесено и пријави до Државниот инспекторат за труд, имаат поднесно кривична пријава против директорот за неисплата на регресот за годишен одмор и најверојатно, како што рече, ќе продлжат и со поединечни тужби од страна на вработените за се она што им следува по закон и Колективен договор, а не им е исплатено. 

- Имавме најава дека платата ќе се исплати во петокот, а не се исплати. Доколку и денес повторно не се исплати платата за септември, вработените ќе продолжат со искажување на својот револт преку организирање протест. Од утрешниот ден протестите ќе бидат од 7 до 9 часот со блокирање на двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје, појасни Кашиковски. Додаде дека не наишле на прием од раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје.

Фото: Илустрација

Можеби ќе ве интересира

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно