Добивај вести на Viber
Фармацевтската компанија „Плива“ по втор пат е добитник на наградата Супербрендс Македонија. Оваа награда, „Плива“ ја доби, благодарение на гласовите на повеќе од 20 илјади крајни корисници и стручното жири, за извонредни достигнувања и квалитет за 2013/14 година на меѓународната организација „Супербрендс“.
„Супербрендс“ се доделува на бренд кој има високо оценет квалитет, оригиналност и емоционална вредност за крајниот корисник.
Меѓународната организација „Супербрендс“ е единствен глобален и независен авторитет во подрачјето на брендирање, а присутна е во повеќе од 88 земји ширум светот.
- Оваа награда за „Плива“ е доказ за квалитет, високи стандарди и потврда за значењето на нејзиниот бренд на македонскиот пазар и на пазарот во целиот регион - изјави Петар Велкоски, директор на „Плива“ - Скопје.
Првпат оваа награда „Плива“ ја освои во Македонија во 2011 година.