19 Март, 2024
0.0233

Плоштад Слобода

Објавено во: Колумни 08 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Ја глеам фоткава од предземјотресен плоштад „Слобода“ и си велам-ај шо имало кружен тек на скверот со колку толку жив сообраќај, туку ние имавме таков, малку помал, и во Циган маало(некаде каде што се сега гимназијата „Јосип Броз Тито“ и некогашно „Беко“).По разни поводи секојдневно бевме на плоштадот.

За да се стаса до преминот под зградите на Извршен совет се поминуваше покрај една поголема работилница, погон за производство на модерни метално-дрвени клупи и друг училишен мебел(врв на дизајнот за тогашни појмови) на улицата Кузман Јосифовски Питу со фирма „20 Мај“, која по земјотресот прерасна во „Алумина“.Низ пространите валкани стакла на големите прозорци со напор гледавме во внатрешноста, каде што имаше ни помалку ни повеќе едрилица поднакривена и потпрена на едното крило.Кога ќе излезеш од тунелот(така си го викавме) во чело те пресретнува зградата на „аеро-клубот“.Таму многумина од нас членуваа и научија да прават хартиени змејови,едрилици и макети на авиончиња со мали мотори, кои најспремните ги летаа во круг на некоја ширинка врзани со сајла со заглушувачка врева и брмчење(се дури не се потроши горивото).Во клубот царуваше Жоро,кој подоцна својата иднина ја запечати како професионален пилот на патнички авиони на ЈАТ.

Од каршија не еден туку два дома на културата-„Кочо Рацин“ и „Домот на градежниците“.Во излогот на првиот, како денес да ја гледам,огромна плаката со реклама за филм „Река без повратка“, ќе да беше со Мерилин Монро и Роберт Мичам(качени на дрвен сплав што едвај плови по разулавената Нијагара).Во домот што падна во земјотресот имаше разни случувања, освен кино претставите од концерти на пејачи и групи, литературни читања и изложби. Во другиот дом покрај обично кино имаше и кино-тераса, а од спротива на терасата кафеана (глеаш љубовен филм и едвај чекаш да заврши, па да опнеш едно до две пивца со десетка со кромид кај Чоче и останатите конобарски цереви).

Во улицата  накај училиштата „Гоце Делчев“ и „Ленин“ беа зградата на Брза помош, а пред неа клубот на СВР (со кино сала за проекции на филмови што обичните смртници не смееја да ги гледаат, кафана со посебни пропусници и билијард сала. По ослободувањето билијард масата е земена од кафаената на семејството Петрушевски во Водно, сега е у Инвалидски. А на свиокот десно слаткарницата „Пчела“, во која ретко влагавме (од оправдани причини-бевме главно шворц).

Можда некому ќе му текне и нешто друго за овој култен простор (мене, доволно- фотката на некогашен плоштад Слобода ми ги скорна само овие спомени- од прва).

Мојсо Мојсовски

Можеби ќе ве интересира

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?