26 Април, 2024
0.0296

По 15 години Македонија повторно во Давос, Заев го чека и Ципрас

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

После 15 години, македонска делегација повторно ќе учествува на Светскиот економски форум во Давос. Досега според познавачите во Давос, учествувале само Киро Глигоров, Борис Трајковски и Стојан Андов, кои добиле покани и кои ја претставувале земјава со свои делегации. 

Во Давос средба Заев - Ципрас

Давос, годинава за Македонија е значаен поради средбата на премиерите на Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас. Првата директна средба меѓу Заев и Ципрас е закажана за денес. Според најавите, на маса треба да бидат ставени решенија за спорот и да се утврди  правецот на преговорите. Заев и Ципрас, се меѓу стотиците гости на форумот, кој на едно место ги собра  светските лидери,  политичката и економската елита, како и претставниците на граѓанскиот сектор. Портпаролот на грчката влада соопшти дека до средбата ќе дојде на 25 јануари на маргините на Светскиот економски форум во Давос. До ова доаѓа по последната рунда преговори со посредство на Метју Нимиц на 17 јануари во Њујорк на која беа изложени сугестии за решавање на спорот со името. Зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Грција во контекст на градењето мерки на доверба изминатиот период и анализа на досега постигнатото во преговорите меѓу двете земји за прашањето за името, се на агендата на денешната прва директна средба на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на Светскиот економски форум во Давос, велат од македонската Влада.

Шефот на македонската дипломатија Димитров во Давос

Освен премиерот Заев, во Давос ќе биде и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на покана од претседателот на Светскиот економски форум и член на Управниот одбор, Борге Бренде, ќе учествува на 48-от годишен состанок на форумот, што се одржува во Давос, Швајцарија. Македонската делегација ја предводи премиерот Зоран Заев, кој е предвидено да се обрати во рамки на неколку сесии на Форумот. На маргините на Форумот, Премиерот и Министерот се очекува да имаат средби со повеќе свои колеги, со високи претставници на ЕУ, како и со други високи претставници од светската политичка и бизнис елита. Главната тема на Форумот ќе биде „Креирање заедничка иднина во поделениот свет.” „Иднината на Европа” исто така ќе биде во центарот на овогодишниот состанок на Светскиот економски форум, а шефот на македонската дипломатија Димитров е поканет како дискутант на неформалниот собир на светските економски лидери на темата „Идентитет, интеграција и миграција“. 


Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“