19 Мај, 2024
0.0274

По 15 години се отвора повторно стара авионска линија од Скопје

Објавено во: Економија 09 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

По 15 години повторно се отвора директна авио-линија помеѓу Скопје и Атина, а за ова придонесе и гестот со промената на името на скопскиот аеродром од „Александар Велики“ во „Пријателство“.

- Имаме разговарано со компанијата „Aegean airlines“, знаеме дека е планирано да се направи ова поврзување и во текот на 2018 година секако ќе започне, вели алтернативниот шеф на грчката дипломатија Јоргос Катругалос во однос на новата авиолинија Атина - Скопје најавена за оваа година. 

- Постојат разговори во „Aegean“ за активирање на оваа авиолинија. Ние на тоа гледаме позитивно, како и на секоја мерка што ја промовира економската соработка на двете земји, вели Катругалос во одговор на прашањето на дописничката на МИА од Атина на денешната средба со новинарите во грчкото МНР.

Во октомври минатата година, грчката авиокомпанија Aegean airlines на прес-конференција соопшти дека во 2018 ќе се воведен директен лет Скопје-Атина, а македонската престолнина беше една од новите 11 дестинации.

Како што објави МИА пред неколку месеци, главната пречка за да започне авиосообраќајот  на релација Скопје кон Атина и обратно, беше името на скопскиот аеродром. Но, со преименувањето, се отвори патот за да се поврзат престолнините на двете соседни земји.

Во 2003 година постоеше директно авионско поврзување меѓу Скопје и Атина, со редовна линија, пет пати седмично, нешто што беше прекинато, а бизнис заедниците од Македонија и Грција минатата година побараа одново да се воведе лет.


Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?