18 Мај, 2024
0.0275

ПО ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ РАБОТА: „Старбакс“ останува без човекот кој го рашири на глобално ниво

Објавено во: Економија 05 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Извршниот претседател на компанијата Старбакс, Хуард Шулц, ја напушта фирмата по скоро четири децении работа во неа.

Шулц надгледувал како овој ланец на кафе се шири и расте на глобално ниво, но на 26 јуни официјално ќе се откаже од својата положба, откако лани е пензиониран како извршен директор.

Овој негов потег доведе до шпекулации за негови можни политички амбиции. Во интервју за „Њујорк тајм“ Шулц не ја исклучил можноста да се кандидира за претседател.

„Една од работите кои сакам да ги направам во наредното поглавје на животот е да дознаам дали постои улога која можам да ја одиграм во враќањето“, рекол тој и додал дека ниту сам не е сигурен што точно тоа значи.

Тој објаснил дека сака да и служи на земјата, но тоа не значи дека мора да се кандидира за јавна функција и тоа да го постигне.

Шулц кој има 64 години, почнал да работи во Старбакс во 1982 година како директор на операции и маркетинг. Тој го предводел управниот одбор од 1985 година и бил извршен директор во поголем дел од тој период.

Во текот на неговиот престој во фирмата, Старбакс пораснал од 11 продажни места на повеќе од 28 000, а неговата вредност пораснала за 21 000 отсто, соопштила компанијата.

Старбакс бил еден од првите американски малопродавачи кој понудил здравствено осигурурање за своите работници.

Старбакс доаѓа во Србија

Во официјална објава на компанијата AmRest најавено е доаѓање на познатиот ланец на кафетерии во Србија. Првиот Старбакс локал ќе биде отворен подоцна оваа година во Белград, град кој е познат по љубовта кон кафето. AmRest е водечки оператер на кафе во регионот на Централна Европа, а Србија претставува уште еден пазар на која оваа компанија го отвора првиот локал, пренесоа медиуми од Србија.


Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра