По две децении откриена замена на бебиња
Објавено во: Балкан 31 Мај, 2018
При лекарски преглед, едно семејство од Црна Гора случајно открило дека пред 20 години нивното бебе е заменето во породилното одделение во болницата во Котор.
Утврдено е дека нивното дете израснало во семејство кое исто така живее на црногорското крајбрежје. Овој случај добива и судски епилог, што беше и потврдено од болницата во Котор за весникот „Дан“. Според доверливи извори на весникот, семејства чии бебиња се заменети пред две децении во болница Котор се од Будва и Херцег Нови.
Поради пропустот во которската болница, оштетените семејства, наводно, бараат милионска отштета.
Неодамна уште еден случај на замена на бебиња во Клиничкиот центар на Црна Гора ја потресе црногорската јавност, но, случајот за брзо време беше расветлен.