По Крива Паланка - Страцин, денеска се отвора уште еден експресен пат

Објавено во: Економија 14 Јануари, 2025
По Крива Паланка - Страцин, денеска ќе се пушти во употреба уште еден експресен пат, кој ќе го замени локалниот пат преку Кавадарци и ќе може многу полесно да се патува за Прилеп и Битола.
Станува збор за делницата Градско-Дреново, како дел од експресниот пат Градско-Фариш кој се уште не е целосно завршен. Целиот експресен пат се очекува да биде пуштен во март со што ќе се заокружат 25-те километри.
Делницата Градско-Дреново е во должина од 15,5 километри. Вредноста на проектот, е 37.300.000 евра од кои 26.700.000 евра се обезбедени преку ИПА фондовите и 10.600.000 евра се обезбедени од Буџетот.
Делот што се пушта во употреба содржи три клучки Градско, Росоман, Дреново, четири вијадукти, еден мост, четири надпатници и три подпатници.
Проектот за изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп започна да се реализира во јули 2016 година со отпочнувањето на градежните работи на првата делница од Фаришката до Дреновската клисура. Втората фаза започна со изградба во 2018.
На денешниот свечен настан ќе присуствува премиерот Христијан Мицкоски.
Можеби ќе ве интересира
„НАМАЛУВАЊЕ НА ДАНОКОТ ЗА СТРУЈА И ФИКСИРАЊЕ НА МАРЖИТЕ“: Филипче предлага сет мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните

ИМ ПРЕСУДИЈА НАФТАТА И ГАСОТ: Како една европска земја потона во рецесија

Работна средба Узунчев –Рокас: ЕУ е стратешки партнер на АД ЕСМ во новиот инвестициски циклус
Ѓорѓи Петрушев во „Бизнис-клуб“: „Националниот совет за извоз ќе помогне во едукацијата на компаниите и во нивните напори за извоз“

Божиновска со претставници на германската КfW банка: Поддршка за рентабилноста на ЕСМ и инвестиции во обновливи извори

„МАРКЕТЏИИТЕ“ СЕ КРЕНАА НА НОЗЕ, БАРААТ ИТНА СРЕДБА СО ВЛАДАТА: „Одлуката за ограничување на маржите ќе го доведе во прашање опстанокот на 86 фирми, со 790 продавници и 4.700 вработени

НЕЛОГИЧНО Е ДА ИМА СТАПКА НА ИНФЛАЦИЈА ОД 3 ОТСТО, А ДА ИМА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ И ДО 30 ПОСТО: Битиќи вели граѓаните живеат се потешко

Раст на акциите на руските компании по разговорот на Путин со Трамп

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ПРЕМИЕРОТ ЌЕ МОЖАТ ДА ИМААТ ПО СЕДУМ КАБИНЕТСКИ СЛУЖБЕНИЦИ И ПО ПЕТ НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ - подготвен нацрт законот за административни службеници
