03 Мај, 2024
0.0469

По најавата за намалување на казните: Премиере доведи ги побргу извршителите во ред

Објавено во: Економија 03 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Граѓаните побараа од премиерот Зоран Заев побргу да се истурка процедурата со новиот Закон за извршување, што веќе е во собраниска процедура, по синоќешната најава од страна на Владата дека ќе се намалат прекршочните казни за физичките и правните лица од максимални 1.000, односно 2.000 евра, на 250, односно 500 евра.

- Следно што народот очекува е да се донесе Законот за извршителите на кои што Никола груевски им остави одврзани раце па тие преку разни трикови уништија стотици илјади семејства. Од 2.000 денари основен долг со нивните трикови долгот со креваа на 20.000 денари - му напиша Томе Симеонов на неговиот профил.

Во реакциите доминираат ваквиот тип на барања, а граѓаните сметаат дека кај прекршоците нема голем простор за манипулации и секој треба да си сноси одговорност за грешката.

- Најголем проблем за правните лица се високите цени за нотарите, извршителите и адвокатите. За да едно лице приговори на нотарско решение мора да плати адвокат за приговорот. Таа одредба мора да се промени. Користењето на адвокат е право, не смее да биде обврска. На пример, мојот сопруг за да приговара на нотарско решение за сума од 700 денари, треба да покрие трошок од 1600 денари за адвокатот, и ако не добие треба да го покрие трошокот за адвокат на другата страна од 1600 денари. Ова нема логика. Треба да се стават под лупа сумите на адвокатската тарифа - пишува Андријана Богдановска. 

Со новиот Закон за извршители нотарската награда ќе изнесува 10% од главниот долг, но не повеќе од 500 денари. Наградата за извршител за долгови за комуналии не може да надмине 20% од главниот долг.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски