По отворањето на границите: Блаце заживеа, на Табановце помирно
Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2020
Раздиженост и голем број на возила на преминот „Блаце“ на македонско-косовската граница чекаат пред за влез во Македонија во првиот ден откако Македонија ги отвори границите без ограничување.
Од друга страна, камерите на ЈП Државни патишта покажуваат дека ситуацијата на македонско-српската граница на преминот „Табановце“ е помирно, откако во вторникот Владата донесе одлука целосно да се отворат граничните премини во државата со што македонските државјани и странците ќе можат непречено да се движат без обврска на негативен ПЦР тест и државен карантин.
Многу македонски граѓани кои коронавирусот ги затекна во странство, по што границите се затворија, сега едвај чекаат целосно да се отворат границите и аеродромите за да се вратат дома.
Тие со месеци останаа во земјите во регионот и Европа и будно следеа што се случува со рестриктивните мерки. Денеска се отвораат граничните премини без обврска за одење во карантин или приложување на корона тест, а од 1 јули ќе профункционира и авиосообраќајот на скопскиот и охридскиот аеродром, кои беа затворени во месец март поради пандемијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.