19 Април, 2024
0.0295

По повод празникот......

Објавено во: Колумни 15 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Веднаш да се разбереме не сум верник, ама си ја почитувам верата и ако нешто ми е криво што не сум успеал да остварам тоа е што не сум избрал една од двете слави на семејството.

Свети Никола од страната на Ѓорѓија и Митровден од кај Јелица.Но, тоа е што е такви беа времињата а стариот беше ортодоксен комунист и шанса немало кај нас и да sирне поп, а не да свети вода или погача.Но затоа кај нас трипати во годината имаше гости во големи количества(така ти е даскале кога немаш слава)-за Денот на Републиката,за Нова Година и за Први мај......

Деновиве кога одбележувавме и прославувавме со продолжен викенд 11 Октомври со малку подизменет наслов од оној на кој бевме навикнати....нешто во врска со востанието и против кого де....ми текна на Друже Благоја учесник во акцијата кај участакот во Прилеп.Тој имаше напишано своевремено опширна статија што ја понудил во Нова Македонија,Вечер и Утрински Весник и сите уредници му ја одбиле со незнам какво образложение.Ја му ја побарав и ја објавив од збор до збор 90 и некоја во двонеделникот Свет, но не ми даде фотки од тие денови,но нејсе.Да не должам според него учесникот во нападот што го извршиле група борци кој го убил стражарот бил син  на виден прилепчанец близок до окупаторите-ослободители и дечкото поминал со неадекватна казна...лежел во Идризово како слободњак и продавал зарзават на Бит пазар.Јаничот често беше кибицер на нашите долги и напорни партии реми- бриџ со песни и понекоја ж,та и мезе-најчесто ги гледаше моите карти што јас постојано ги прередував одново и одново откако ќе ми поминеа резонските карт.Тој секој поглед што ќе го фрлеше врз моите раце го коментираше-е тебе не можам да те следам какво е тоа играње.....еднаш на ваков ден ни кажа дека откако војниците што дошле 41 во Македонија биле пречекани со цвеќе и одушевување следната година скопјани масовно отишле на летување во Варна....бевме вчудовидени но му верувавме на човекот што бил сведок на настаните....

Киро Томовски често го среќавав се додека не замина во вечноста скромен и достоинствен.....беше мој ментор за многу настани од Скопје пред земјотресот и потоа.По струка беше геометар,од Кичевијата родум,работел во ГП Гранит и еден период бил во Ирак.Беше жива енциклопедија....од приказна до приказна дознав дека составува судоку,сканди крстозбори пишува поезија,а дека бил боем и шерет не мораше да ми кажува .Откако со пајташите ќе поседи во Централ на по една(можеби и повеќе)ќе дојдеше кај нас што дремевме под неговата зграда и пивнувавме и се зезавме до бесвест кај Цобе пред Мак- пен,ќе шмркнеше пивце две и ќејфлисан сам или со наша помош, ама само до лифтот си одеше дома.Во една свечена пригода за 11 Октомври мене и на Марко ни кажа една тајна.....тој го финансирал споменикот изграден на Лопушник каде што загинал Кочо Рацин(се уште е нејасно дали не го чул предупредувањето од стражарот да застане или бил застрелан)...Му ветивме на друже Киро дека ќе појдеме со него до спомен белегот да оддадеме почит на великиот македонски поет и да се увериме во посветата на споменикот зтрпана под земја во темелот....не бидна ништо од тоа,обично е така ...тој замина мирно и достоинствено .....

На приказните никогаш не им се гледа крајот,а ги има многу нераскажани и заборавени.....има работи што не се забораваат!Нели..... 

Мојсо Мојсовски

Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок