18 Мај, 2024
0.0426

По разорниот земјотрес Австријците бараат затворање на Кршко, а Словенците се против

Објавено во: Балкан 30 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Австрија повторно бара затворање на нуклеарната централа Кршко. 

Силниот земјотрес од 6.2 степени кој вчера ја погоди Хрватска е повод за австриските политичари да побараат затворање на нуклеарната централа Кршко во Словенија.

„Централата постои од 1981 година и е проектирана да работи најмногу 40 години. Поради тоа мора најдоцна до 2023 година да биде затворена. Не смееме да гледаме со скрстени раце продолжување на работата“, изјави секретарката за екологија на австриската покраина Штаерска, Урсула Лајнер

Таа додаде дека вчерашниот земјотрес уште еднаш покажал дека Кршко треба да се затвори. И покрај бројните разговори и барања на Австрија, Словенија не сака да ја исклучи Кршко.

По вчерашниот земјотрес Кршко беше превентивно исклучена. Директорот на Кршко, Стане Рожман синоќа изјави дека не се утврдени никакви оштетувања на словенечката нуклеарна централа Кршко и нема никакво влијание врз околината. Тој најави дека Кршко набрзо ќе почне нормално да работи, истакнувајќи оти е изградена да биде отпорна на многу посилни земјотреси. Безбедноста на Кршко е дополнително зајакната по несреќата во нуклеарката Фукушима во 2011 година, а во случај евентуален потрес да ја загрози работата на словенечката нуклеарка таа би можела рачно или автоматски да се исклучи во рок од неколку секунди.

Петриња ден по земјотресот изгледа како град на духови. Со багери и механизација се расчистува теренот. 

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел