По ставовите на Георгиевски се огласија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2021
Изнесените ставови на поранешниот премиер Љупчо Георгиевски за тоа како да се реши македонско - бугарскиот спор, поттикнаа многу реакции, а со став се јавија и партиите ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека премиерот Зоран Заев преку Љубчо Георгиевски пушти пробен балон.
„Зоран Заев вчера преку Љубчо Георгиевски пушти пробен балон во јавноста, и порача дека македонскиот јазик не постоел во кореспонденцијата на патриотските револуционерни организации директно негирајќи ја посебноста на македонскиот јазик, како и посебноста на македонската нација. Заев сака да ги одроди револуционерите и сите македонски дејци и од нив да направи Бугари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие обвинуваат и дека преку Георгиевски, сака испраќа порака дека ќе се откаже од македонското малцинство во Бугарија.
СДСМ велат дека нивните ставови се различни од оние на Георгиевски. Тие тврдат дека де отворени за дијалог, но за идентитетот не се преговара.Георгиевски поттикна негативни реакции во јавноста.
„Доколку кај поранешниот премиер постои малку доблест и свест под итно треба да го врати Македонското државјанство и да се извини на целиот македонски народ“, порача кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.