По ТВ-дуелот: Објавена нова аудио-снимка, Мицкоски наводно се бори против „Империја“
Објавено во: Македонија 01 Јули, 2020
По вчерашниот ТВ-дуело со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претпладнево во јавноста излезе уште една аудио-снимка во која наводно се слуша гласот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како му се обраќа на Зоран Милевски Кичеец, првостепено осуден за случајот „Рекет“.
Во новата „бомба“ која се појави во јавноста наводно се слуша гласот на Мицкоски како вели: „Се борам сам ова СЈО да не помине, автоматски и неговиот предмет, тој „Империја“.
Дополнително, има уште еден разговор во кој се слуша глас кој наликува на оној на претседателот на најголемата опозициска партија од кој може да се извлече заклучок дека „е единствен кој се бори со сите случаи“, а гласот кој наводно е на Кичеец му одговора: „Реално, во вас се сите џокери“.
„Да, ама знаеш, ова делува малку мазохистички. Ем ме тепаат, ем имаат очеквуања од мене“, наводно вели Мицкоски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.