20 Декември, 2025
0.0934

Побрзајте за претпоследниот бран на пријавување до 31-ви март за Виз Ер Скопскиот маратон!

Објавено во: Мои пари 22 Март, 2017 14:36

Добивај вести на Viber

Виз Ер Скопскиот маратонкако и секоја година, ги поттикнува сите на заеднички начин да ги исполнат своите цели и заедно да го поминат денот на што е можно позабавен начин. Остануваат уште 10 дена до крајниот рок, 31-ви март, датум после кој цените се зголемуваат и рок до кога може да ја искористите можноста вашето име да биде испишано на вашиот стартен број.

Виз Ер Скопскиот маратон претставува едно од најголемите натпреварувања кое се организира во Македонија. Виз Ер Скопскиот маратон ги урнува темелите на конвенционалното и прераснува во настан од глобален размер исполнет со конкуренција и забава. Голем дел од учесниците кои се натпреваруваа во претходните маратони се изјаснуваат дека денот кога се одржува маратонот никогаш нема да го заборават.

Насловниот спонзор Виз Ер и годинава на секој учесник ќе му додели вредносен ваучер од 20 евра за купување на авионски билети преку нивната официјална страна. Овие ваучери после успешна регистрација се праќаат на мејл адреса, која учесникот ја остава при процесот на регистрација. Оние што досега се имаат пријавено, истотака, ќе ги добијат ваучерите на своите мејл адреси во следните неколку денови.

Условите за користење на овој ваучер може да се прочитаат на http://skopskimaraton.com.mk/wizzvoucher

Можноста за натпреварување со голем број на учесници и забавата и еуфоријата што се чувствува пред стартот се доволна мотивација и дополнително го дополнуваат адреналинот кај секој учесник за успешно завршување на трката. Претходни учесници, од минатите години сеуште го паметат овој ден како еден од најзабавните и еуфоричните денови во својот живот.

Пријавувањето и регистрацијата за Виз Ер Скопскиот Маратон 2017 ќе може да се изврши http://skopskimaraton.com.mk/ и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон, www.smartrace.club.

И едно потсетување дека сеуште е во тек и пријавувањето за Авицена Женксата трка која ќе се одржи на 9 април. Повеќе информации на www.zenskatrka.mk

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии