Почетникот Дурловски „на часови“ кај искусниот Милошоски
Објавено во: Македонија 28 Август, 2020
Новиот народен избраник, Игор Дурловски, кој се уште го чека своето прво обраќање од собраниската говорница, празникот Успение на Пресвета Богородица го минува заедно со Антонијо Милошоски, инаку еден од најискусните пратеници во македонското Собрание.
„Задоволство е кога татковците ќе добијат семејна обврска да се грижат и да се дружат со децата. (најмалите Илина и Филип оправдано отсутни:) )
Исполнет родителски ден!“, напиша Милошоски под заедничката фотографија со Дурловски на својот профил на Фејсбук.
Оперскиот пејач, единствен кој доби ослободителна пресуда за настаните на 27 април 2017 година, беше носител на кандидатската пратеничка листа во „петката“. додека поранешниот министер за надворешни работи беше втор во изборната единица како предлог на ВМРО-ДПМНЕ.
Не е познато дали Милошоски му дал некој совет на Дурловски за да го охрабри пред неговиот прв настап.