19 Мај, 2024
0.0261

Почетокот на вакцинацијата ќе има позитивен психолошки ефект и за економијата, Стефан Петер за Фактор

Објавено во: Економија 02 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба - овој здравствен предизвик да заврши. Пандемијата ги помести нашите очекувања, нашите приоритети се други, сите други желби имаат помала вредност. 2020 има лош знак, иако можеби за многумина беше и успешна. Успех е и да се зачува здравјето, да се помогне некому, добра работа е да се предизвика нечија насмевка. Такви луѓе има многу. Во деновите пред и по стартот на новата година Фактор објавува новогодишни изјави од медицински експерти, стопанственици, банкари, политичари – сите зборуваат за нивните очекувања во следната година.

Стефан Петер е Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија. Вели дека покрај здравствениот предизвик и загубата на животи, лош знак за годината што помина е забавувањето на економијта. Очекува 2021 година да биде година на заздравувањето, за кое доста ќе придонесе и довербата - довербата во вакцинацијата која ќе ја порасне довербата во светла иднина. Ако биде така, очекува позитивно лето без ковид случаи, а со раст на бруто домашниот производ, со развиен туризам со свадби и летни одмори поминати без страв и ограничувања.

„Ти благодарам за ништо, 2020!“ Неодамна ги прочитав овие зборови на еден ѕид.

Всушност, годинава беше предизвик за сите нас поради ситуацијата предизвикана од пандемијата на Ковид. Бизнисите пропаднаа, а негативно влијание имавме и врз социјалниот живот. Голем број од нашите пријатели или колеги сериозно се разболеа, а некои од нив дури и починаа. Со жалење морам да додадам, дека сето ова беше непотребно во нашите животи. За многумина од нас годинава беше најлошата година досега, толку лоша што дури и ретките добри мигови не можеа да ни надоместат. Добри моменти се поминатото време дома со нашите семејства, лежерните викенди за време на полицискиот час, уживањето во тишината на кејот на Вардар, контактирањето со пријатели со кои не си се слушнал со години - ова се тие добри емоции кои ни останаа како спомен од лошата историска година, но сепак не успеаја да направат баланс.

Годинава беше лоша и за бизнис секторот. Иако меѓународниот капитал во најголемиот дел е веќе опоравен, сепак има и многу од нив што изгубија. Повеќето од тие што изгубија се дел од таканаречената реална економија. Ресторанот или хотелот кој мораше да се затвори со месеци, секој вработен или самовработено лице што работи во секторот туризам како и целиот сегмент на култура и организација на настани. Во овој список може да се додадат уште многу погодени бизниси. Сите изгубиле дел од приходите, а некои од нив дури и значителен дел. Се поставува прашањето - на кој начин можевме подобро да им помогнеме на погодените од ситуацијата? - Залудно и губење време е да се жалиме за минатото. Наместо тоа, треба да се фокусираме во иднината и да им помогнеме на овие бизниси да се опорават.

Затоа, да гледаме позитивно на 2021! Првата работа што ја очекувам е да започне вакцинацијата. Можеби нема да се случи во почетокот на годината како во другите европски држави, но барем ќе се случи најдоцна до март.

Секако, не треба да се очекува дека сè ќе се смени наеднаш во текот на ноќта и ќе се вратиме во „нормала“, но дефинитивно почетокот на вакцинацијата ќе има непосреден психолошки ефект. Психолошкиот ефект е важен и за бизнис секторот. Овој факт е веќе докажан од меѓународните финансиски пазари ширум светот откако големите фармацевтски компании го најавија успешниот тест, а подоцна и дозволата за вакцинација во ноември/декември 2020. На пример, DAX (Германскиот Берзански Индекс) се покачи за 10 отсто на денот на најавата за успешното завршно тестирање на BionTech вакцинацијата, иако ништо не се смени во реалноста.
Ова ни покажува дека сè се сведува на довербата. Затоа, да имаме доверба во економијата, но уште повеќе да имаме доверба во нас самите. За разлика од времето на Големата депресија, силно верувам дека ќе успееме да ја избегнеме Кејнзијанската економска замка и ќе ги задржиме позитивните ефекти што ни ги донесе оваа криза. Треба да ги зачуваме способностите кои ги развивме во овој период – едноставните правила и рутини кои се ориентирани кон давање на резултати. Начинот на размислување е тоа што ќе донесе баланс помеѓу понудата и побарувачката тогаш кога ќе се опоравиме од оваа рецесија на многу поефикасно ниво.

Основата на потрошувачката е здравјето и состојбата на неограниченост. Токму затоа, вакцинацијата е многу важна. Можеби не за поединецот, туку за општеството како целина, бидејќи ограничувањата може да се укинат само во случај кога ќе нема веќе опасност за сите, вклучувајќи ја и ранливата група. Ако ова успее, очекувам да имаме позитивно лето без ковид случаи, а со раст на бруто домашниот производ, со развиен туризам во Северна Македонија, со свадби и летни одмори поминати без страв и ограничувања.

Добро за бизнисот, а истовремено и за душата.

Тоа е мојата желба, за да можеме сите да кажеме: „ти благодарам 2021!“

Среќна Нова година, вели Стефан Пeтер за Фактор.


Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници